НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Топ 10 .мк жени во ИТ индустријата во 2022

0
By Marta Pesevska on January 4, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овогодинешното мапирање на ИТ индустријата уште еднаш покажа дека и оваа индустрија има сериозен проблем во поглед на родовата еднаквост. Проблемот е видлив во застапеноста на жените во ИТ индустријата, како и во примањата, a особено очигледни се разликите на сениорските и менаџерските позиции помеѓу жените и мажите.

 

Инспирирани од горенаведеното, тимот на IТ.mk профилираа 10 жени од Македонија кои работат активно во ИТ индустријата, имаат одлични резултати во изминатава 2022 година и кои можат да служат како инспирација и мотивација за сите.

При изборот, покрај истражувањето на IТ.mk, тие се консултирале и со Women in Tech Macedonia, Startup Macedonia и GEA и од сите нив дополнително побарале и добиле листа на номинации. Финалниот изборот на оваа листа, како што нагласуваат, е направен исклучиво од страна на редакцијата на IT.mk и резултатите се презентирани без некој посебен редослед.

Светлана Кордумова

Founder и CEO @ Pixyle.ai

Светлана е основач на Pixyle.ai, стартап основан во 2017 година кој користи вештачка интелигенција за да идентификува модни продукти во фотографии. Изминатиов месец, Pixyle.ai доби инвестиција од 1 милион евра од South Central Ventures која ќе го помогне понатамошниот раст на платформата.

Таа има докторат во мултимедија и вештачка интелигенција од Универзитетот во Амстердам, а била и вонреден доцент на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Кариерата ја има започнато како практикант во Philips Innovation Services во Холандија, а првото работно искуство во ИТ индустријата го има како софтвер инженер во Seavus.

Делфина Јовановска

Messages iOS Engineer @ Apple

Делфина работи како iOS инженер на Messages платформата во Apple. Нејзиното искуство во една од најреномираните компании во светот започнува пред 11 години, кога во март, 2011-та Делфина се вработува во Apple како софтвер инженер, а од 2016-та преминува на сегашната позиција.

Делфина има дипломирано на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а магистратура завршува на Ohio University каде што работи и 2 години како асистент за програмирање во C. Првата пракса во индустријата, Делфина ја има во 2008-ма година во Seavus каде 4 месеци работи како практикант за развој на софтвер. Интересен факт е дека Делфина е сестра на Славе Јовановски, кој веќе 14 години работи во Google.

Марија Најдова

Core Engineer @ MUI.com

Марија скоро 2 години работи како Team Lead и Core Engineer во MUI.com – проектот кој одржува библиотека со React UI компоненти кои го имплементираат Material дизајнот на Google. MUI има повеќе од 4 милиони npm преземања неделно. Пред ова, Марија 2 години работеше во Microsoft во Чешка.

Кариерата ја започнува како практикант во Македонски телеком и како софверски инженер во неколку македонски компании како DDNT, EDS, S&T. Марија има дипломирано на ФИНКИ со просек 9.77.

 

Александра Митревска

Co-Founder & COO @ Native Teams

Александра, заедно со уште двајца ко-основачи, пред 5 години го основаше стартапот Native Teams кој го менаџира и олеснува фриленс и хонорарното работење низ светот. Овој октомври, битолско-лондонскиот Native Teams доби инвестиција од 2 милиони евра предводена од Eleven Ventures.

Александра е совршен пример дека за да успееш во онлајн и ИТ светот не е задолжително да имаш инжинерско знаење. Таа има дипломирано англиски јазик и литература на Филолошки факултет, а 2 ипол години има работено во англиски стартап сличен на Native Teams пред да се одлучи сама да креира таков.

Нина Геометриева

Sr. Product Designer @ Instagram

Нина Георгиева Геометриева 2022 година ја започна со промена на своето работно место и локација, по 5 години поминати како продукт дизајнер во Google, таа во јануари премина на истата позиција но во Instagram во Њујорк. Нина има фасцинантна животна приказна и кариера и според нас може слободно да ја квалификуваме како една од најталентираните модерни македонски дизајнери со освоени 2 Red Dot награди.

Нејзината кариера како дизајнер започнува во 2012-та во Invideous Limited во Скопје, потоа во агенција во Виена, па година дена да работи фриленс, пред да се вработи како дизајнер во ZenDesk во Сингапур, каде што по скоро година ќе премине како Design Lead во Paktor и потоа во Grab, уште еден голем стартап во Сингапур. Од 2017-та се вработува како продукт дизајнер во Google во Сингапур, пред да се релоцира во Google Јапан каде 2 години ќе работи на Google Maps.

п.с. Ние Нина ја памтиме и како автор на IT.mk пред да ја започне својата дизајн кариера. 🙂

Моника Симјановска

Професор доцент @ ФИНКИ

Моника работи како професор доцент на ФИНКИ, откако скоро 9 години е асистент. Покрај академската кариера, Моника е активен софтвер инжинер кој од февруари, 2021 е и ко-основач и COO на ИТ компанијата iReason која работи на свои патентирани продукти базирани на биоинформатика, вештачка интелигенција и машинско учење.

Моника има дипломирано на ФИНКИ во 2012-та година, а магистрира во полето на интелигентни системи и биоинформатика година подоцна, за да докторатот го одбрани во 2019-та година. Како академски истражувач Моника има учествувано во повеќе од 70 објавени научни трудови, има остварено и научни престои во Словенија, Франција и Ирска.

Елена Икономовска

Co-Founder и Chief AI Officer @ Mnemonic

Елена e основач и главен директор за вештачка интелигенција во старапот Mnemonic во Сан Франциско, кој доби инвестиција од 4 милиони долари и се декларира како комплетна и интелигентна NFT платформа. Елена има 15 години академско, индустриско и менаџерско искуство на ниво на машинско учење, наука за податоци, ML Ops, истражување, вработување и операции.

Елена има дипломирано со почести во 2006-та година на универзитетот Св. Кирил и Методиј, магистрира во машинско учење и обработка на податоци исто со почести на ФЕИТ, а докторира на универзитетот Јожев Стефан во Љубљана во 2012-та. Кариерата ја започнува во академскиот сектор работејќи во Македонија, Португалија, Белгија, Холандија, САД – каде што во 2012 ќе работи и во Google, по што ќе премине во ИТ индустријата работејќи во Reddit (2015-16), Nuntio Labs (2016-18), Change.org (2018-21)… пред да го основа Mnemonic во август 2021.

Калина Трајаноска

Co-Founder и CEO @ Концептива

Калина е најмладата членка на оваа листа и на истата се наоѓа пред сѐ поради својата проактивност и истрајност во работењето на HRtech стартапот Konceptiva, кој го прогласивме за стартап на месецот во јануари, 2022-ра година откако тимот зеде инвестиција од 100.000 евра од XФактор Акцелератор.

Калина својата кариера ја започнува во 2015-та во Artistika како Full Stack инженер, кој како и сите талентирани млади ИТ инженери – влегува во индустријата пред да ја заврши дипломската, која Калина ја комплетираше пред некој месец на ФИНКИ. По поминати 4 години работа во Artistika, Калина од јануари, 2020 се дедицира на развој на продуктот Coach во кој активно се справува со сите ИТ предизвици и иновации на модерен софтвер како развој за мобилни апликации, искористување на Unity, скалирање во cloud средина, развој со GPT-3 и сл.

Катерина Трајчевска

Co-founder и CEO @ Адева

Катерина, заедно со својот сопруг Тошо Трајанов, е ко-основач на Adeva, ИТ компанија фокусирана на градење на дистрибуирани ИТ тимови која сега има стотина вработени и соработници ширум светот и претставништво во САД.

Катерина, чиј омилен stack е Laravel, MySQL и Apache, е активен член на локалната ИТ заедница, амбасадор е на глобалното движење Women In Tech од мај, 2019-та, има учествувано во повеќе локални ИТ иницијативи како We Talk IT, организатор е на Learn IT, Girl настаните, а во 2018 Adeva беше прогласена како Best Inclusvie Tech Company од страна на Women in Tech. Кариерата ја има започнато како веб девелопер во Best Net Studio во Скопје во 2012-та година, за да потоа премине во фриленс светот пред основање на Adeva. Катерина има магистрирано на универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2016-та година, а за време на додипломските студии има просек од 9.12.

 

Елена Миовска

Engineering Lead @ Mynd

Елена по поминати скоро три години на позиција сениор софтвер инженер од јануари годинава е промовирана во Engineering Lead во калифорнискиот стартап Mynd, кој го олеснува менаџирањето на недвижнините со помош на технологија. Mynd има добиено инвестиции од 174 милиони долари.

Пред Mynd, Елена работеше како сениор софтвер инженер во IBM повеќе од 2 години, работејќи на NLP (Natural Language Processing) и други когнитивни проекти поврзани со Watson Supply Chain nsights. Елена има дипломирано со просек 9.65 на ФИНКИ во 2015-та година, a кариерата ја започнува како практикант во T-Mobile во 2013-та година, каде што по поминати 2 месеци пракса, се вработува во DDNT како софтвер девелопер, пред да премине во демонстратор на ФИНКИ, па потоа на позиција јуниор Java девелопер во S&T, за од 2016-та до 2019-та работи како Team Lead во Musala Soft.

Извор: IT.mk

ИТ жени ИТ индустрија родова еднаквост
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.