Во Сиднеј живата во термометрите денеска се искачи до 47,3 степени целзиусови, со што денешниот ден се смета за најтопол од 1939 година.
Како што пренесува Би Би си, во областа околу Сиднеј прогласено е предупредување на опасности од пожар, а во градот е забрането палење на огнови.
Температурниот рекорд, претходно бил забележан во 1939 година, кога биле измерени 47,8 степени Целзиусови.
Високите температури и големи жештини посебно ги погодуваат спортистите – учесниците на тенискиот турнир во Сиднеј биле принудени да ги напуштат терените, а слично е и со крикет тимовите.