Обраќање на Панче Тошковски.
Тој соопшти дека се извршени разговори со 10 повредени лица и со еден член од групата која настапувала вечерта ДНК.
Тошковски рече дека е распишана потерница за 4 лица, кои се тие лица не можеше да каже.
Работиме интезивно со сите сили со кои располагаме, вклучени се сите кои имаат врска во процес на контрола и дејства кои можеме да ги преземеме.
Прашан за сертификат на дискотеката за управување со пиротехнички средства тој рече:
Во овој момент навистина ве молам за разбирање да не загрозиме дејствие во истрагата.
Сите информации ќе бидат споделени со јавноста
Потврди дека имало и малолетни лица.
На новинарско прашање дали се извлечени сите тела од дискотеката, тој рече дека во овој момент не би можел да го соопшти тоа.
Во текот на вчерашниот ден вршени се контроли во повеќе објекти во Македонија, на територија СВР Скопје, СВР Охрид и СВР Штип и токму во овој објкет, рече тој.
Еден полицаец загинал токму вечерта во дискотеката.
Чувствувам морална одговорност. Секој кој бил барем два дена на функција во оваа држава треба да чуствува одговорност, рече тој за крај.