Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Традиционално по 9-ти пат се трчаше Авицена Женска трка

0
By Ivana on September 5, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје, денес го одржа деветтото издание на Авицена Женската трка. Како низ годините, така и денес, учесничките успеаа да го исполнат Градски Парк и Град Скопје со спортски дух и позитива. Трката се трчаше според протоколот и препораките одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство

 Трката со години е инспирација за жените од сите возрасти, – за започнување со трчање, тренирање и практикување на здравите навики. Секојдневното брзо живеење не нуди многу слободно време, но учесничките докажаа дека со добра организација и со желба може да се практикува поздрав начин на живот.

– Авицена Женската трка и оваа година ја пренесе пораката дека здравиот начин на живот е најважен. Горда сум дека веќе 9-та година по ред успеваме да мотивираме голем број на жени, љубители на спортот, да излезат и да трчаат во името на здравиот живот. Авицена Женската трка дефинитивно препрасна во една традиционална спортска манифестација, со што искрено се надевам дека бројот на учеснички на следното јубилејно издание ќе биде уште поголем, изјави Гордана Николовска од Сојуз на Спортови на Скопје.

Учесничките на Авицена Женската трка трчаа 3 километри, а стартот и целта на трката беа во Градски парк, на крајот на вториот дел, позади бараките на ЈП „Паркови и зеленило“, во близина на памп трак полигонот.

Оваа година, од вкупниот број учесники прва до целта пристигна Биљана Кираџиева за 11 минути и 4 секунди, второто место ѝ припадна на Душица Јанковиќ со 12 минути и 6 секунди и на трето место се најде Вера Урдаревска, која ја истрча патеката за 12 минути и 14 секунди.

Покрај наградените први три учеснички, награди добија и најдобрите натпреварувачки во 7 одделни возрасни категории во кои беа поделени учесничките. По прогласувањето на најдобрите учеснички следуваше лотарија со извлекување на стартни броеви и најсреќните се здобија со подароци од партнерите на Авицена Женска трка 2021.

 

Конечните резултати од овогодинешната Авицена Женска трка може да се проследат на https://zenskatrka.mk/rezultati/#1_B5AECE.

 

Авицена Женска трка и оваа година покажа дека спортската култура се зголемува од година во година и дека сè поголем број на жени го прифаќаат здравиот начин на живеење.

жени трка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.