Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трагедијата во Кочани го отвори прашањето „Колку се безбедни ноќните клубови во Грција?“

0
By Marija Todorovska on March 25, 2025 ВЕСТИ
Фото: Скриншот Televizija Kocani
Фото: Скриншот Televizija Kocani
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трагедијата во Северна Македонија повторно ја отвора дискусијата: за системи за откривање пожар што се деактивираат поради цигари, за опасните „фонтани“ со пиротехника, за бескрупулозните газди, кои ги затвораат излезите за итни случаи и за ослабените инспекциски служби, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „То Вима“ што воедно е и еден од низата медиуми во земјата, кои по трагичниот пожар во Кочани, во изминатиот период го поставуваат прашањето: „Колку се безбедни ноќните клубови во Грција?“, јави дописничката на МИА од Атина.

Трагедијата во Кочани ја отвори дискусијата за тоа колку во земјата се почитуваат и спроведуваат сите правила и прописи во дискотеките, медиумите анализираат што предвидуваат соодветните законски одредби за безбедност и противпожарна заштита, но и каква е реалната ситуација на терен, а паралелно од Министерството за цивилна заштита на Грција, во вторникот, на само два дена по пожарот, најавија спроведување вонредни контроли во ноќните клубови.

„То Вима“ пишува дека во околу 20 отсто од проверките што секоја година ги спроведуваат 800 службеници од Противпожарната служба во ноќните клубови и другите места за јавни собири, откриваат прекршувања во одржувањето на системите за гаснење пожар, во затворањето на системите за откривање пожар (тактика што ја следат сопствениците за да спречат активирање при пушење) и исклучување на светлата за означување на излези за итни случаи.

 Големата опасност од избувнување на опасен пожар во ноќните клубови и други места за јавни собири доаѓа главно од запаливи материјали за декорација, за реновирање на простори како дел од новата сезона или за планиран настан, кога не постои време за итни, теренски контроли од државните служби агенции. И секако од нелегалната употреба на пиротехника. Горенаведеното секако нè потсетува на неодамнешната трагедија во Северна Македонија, но проблем со употребата на пиротехника постои и кај нас. Употребата на пиротехника регуларно е дозволена само во театрите и тоа по соодветни инспекции и соодветна претходна пријава, пишува „То Вима“.

Дополнително се осврнува и на „евтината пиротехника“ која, како што пишува новинарот, нелегално во Грција се увезува од Бугарија и други балкански земји, но и на материјалите што се користат во ноќните клубови како што се лесно запалив декор, пена за звучна изолација, завеси и вештачки украси, што придонесуваат за побрзо ширење на пожарот што ги опкружува и ги заробува посетителите.

Секогаш кога гледаш дека нешто се случува во твоето соседство, постои страв да не ти дојде и тебе дома, коментираше новинар од грчката телевизија „Скај“ во викенд изданието на информативна емисија во која со член на противпожарната служба на Грција не само што анализира што се случи во клубот „Пулс“ во Кочани, туку и што се случува и во грчките дискотеки.

Претседателот на Здружението на дипломирани пожарникари и подофицери во противпожарната служба на Грција, Андонис Кукузас, за „Скај“ објасни дека за клуб со капацитет од 1.500 лица задолжителни се пет јасно обележани излези на кои врати се отвораат кон надвор, но доста често во дискотеките се блокирани, со декор, со завеси и слично, но и додаде дека пиротехниката што се користи на торти и шишиња е забранета.

 Правилата за противпожарната заштита во Грција, во однос на местата за јавни собири се многу строги и се според европските модели, објасни Кукузас.

Само еден ден по трагедијата во Кочани, претседателот на службеници во Противпожарната служба на Грција Костас Цигас за државната телевизија ЕРТ коментираше дека „во ноќните клубови е забранета употреба на пиротехника независно од видот“ и нагласи дека „претставува опасен материјал кој може да предизвика палење на се што е во близина, без разлика дали е пластика или друг запалив материјал“.

Напомена дека многу клубови ги исполнуваат потребните предуслови кога добиваат лиценца за работа, а со тек на време се менува тоа, додека на граѓаните им препорача да бидат внимателни и дека сите треба да го „скенираат“ просторот каде што се наоѓаат за потенцијална опасност.

Она што се случи во „Пулс“, малку недостигаше да се случи во кафуле во Атина на крајот на ноември, откако беше предизвикан пожар од свеќи и пиротехника на роденденска торта, кои ги запалија новогодишните украси во внатрешноста на кафулето, како и елката поставена на таванот.

Пожарот што веднаш беше изгасен предизвикана паника меѓу лицата кои биле во кафулето, а во обид да го напуштат просторот биле скршени неколку прозорци, додека шест лица се здобија со полесни повреди и беа пренесени во болница.

Од Министерството за цивилна заштита на Грција минатиот вторник соопштија дека во вториот квартал од 2025 година ќе се спроведат и вонредни контроли во ноќни клубови и простори каде што има собири на луѓе, а во текот на 2024 година, биле извршени вкупно 2.543 проверки на објекти кои се користат за јавни собири и биле констатирани 595 пропусти – забелешки, а изречени се 215 административни казни за вкупен износ од 248.522 евра.

Грција Кочани Ноќни Клубови приотехника
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.