Трагично загина великанот на македонското новинарство Никола Младенов. Се врши увид од истражен судија кој треба официјално да го потврди идентитетот.
Сообраќајната несреќа се случила ноќеска, кај клучката кај скопската населба Хиподром, но МВР се уште не дава официјални податоци за деталите.
Никола Младенов беше новинар, сопственик на дневниот и неделниот Фокус, еден од највлијателните и најпочитуваните новинари и поборник за слобода на медиумите и критичното новинарство. Младенов беше еден од најголемите критичари на работата на секоја власт.
Од страна на полицијата на новинарските екипи не им е дозволен пристап до местото на несреќата.