Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајанов засега не планира коалиција со ВМРО-ДПМНЕ: „Како и другите, се подготвуваме за следните избори“

0
By Соња Крамарска on February 14, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на Демократски сојуз и пратеник во Собранието, Павле Трајанов информира за „Локално“ дека го поддржува Законот за ратификација на Договорот за ФРОНТЕКС, но поради партиски обврски не присуствувал во Собранието за време на гласањето.

„Јас гласав дури бев таму. После тоа почнаа седницата на Централниот одбор на ДС и веројатно затоа. Дури и претходно кога беше расправата гласав „за“. Сум за Договорот за Фронтекс, но веројатно во моментот не бев присутен поради други обврски во партијата. Интегрално го поддржувам Договорот и нема никакви други причини“, вели Трајанов во изјавата.

Од синоќа Демократски сојуз е во опозиција откако го напушти владиното мнозинство. На прашањето дали партијата планира понатамошна соработка и коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за следните избори, Трајанов вели дека во моментов не се размислува за такво нешто.

„Ние сме самостојна политичка партија и сега не коалицираме со никого. Ќе се подготвуваме за следните парламентарни избори, тоа е нашиот став како ДС. Засега немаме разговарано на темата за евентуална коалиција со никого. Главно е дека како и сите други партии ќе се подготвуваме за следните избори, кога и да бидат“, рече лидерот на ДС.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска го коментираше напуштањето на Владата од страна на партијата на Трајанов. Според него, нема никакво нарушување на силината и стабилноста на владиното мнозинство.

„Ме радува тоа што Демократски сојуз кажа дека останува на европскиот пат и поддршката на такви одлуки. Досега не можеше да се види во пракса освен декларативно, бидејќи видовме и вчера дека пратеникот на ДС не го гласаше Договорот за Фронтекс. Ќе има можност во иднина своите декларации да ги покаже во пракса. Се надевам дека како искусен политичарот господинот Трајанов нема да се доведе во ситуација да стане заложник на Апасиев како Мицкоски“, рече Ковачевски.

ДС вчера соопшти нема да ја поддржи реконструкцијата на Владата и дека го напушта парламентарното мнозинство.

Според партијата, причината е неисполнувањето на програмските цели зацртани и договорени со владеачката СДСМ пред изборите во 2020 година.

 

коалиција со ВМРО-ДПМНЕ Павле Трајанов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.