Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп го пролонгира стапувањето во сила на реципрочните царини до 1 август и воведува пониски за Србија и БиХ

0
By Marija Todorovska on July 8, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба со која се пролонгира стапувањето во сила на така наречените реципрочни американските царини до 1 август.

Претходниот рок за завршување на трговските преговори за царините истекува денеска.

Трамп потврди дека ќе ги воведе царините од 25 проценти за стоки од Јапонија и Јужна Кореја од 1 август, доколку дотогаш не се постигне договор.

Трамп синоќа објави воведување царини од 30 проценти на увозот од Босна и Херцеговина и 35 проценти на увозот од Србија, според писмата до лидерите на земјите, објавени на социјалната мрежа Трут Соушл.

Новите стапки се пониски од претходно одложените реципрочни царини што Трамп ги објави во почетокот на април – 37 проценти за Србија и 35 проценти за Босна и Херцеговина, пренесува Радио Слободна Европа.

Мерката беше објавена преку писма од Трамп до лидерите на засегнатите земји, вклучувајќи го претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претседавачката на тричленото претседателство на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ.

Писмата генерално се во стандарден формат, поради што Цвијановиќ првично добила писмо со обраќање „господин Претседател“, кое подоцна било исправено.

Во писмата, Трамп ги повикува лидерите на овие земји да учествуваат во „извонредната економија на САД, која несомнено е прва во светот“. Трамп дополнително наведува дека американската администрација утврдила оти е неопходно да се „стави крај на долгорочните и упорни трговски дефицити предизвикани од царински, нецарински, политички и трговски бариери“ со кои се соочуваат земји како Босна и Херцеговина и Србија.

„Доколку од која било причина одлучите да ги зголемите вашите царини, без разлика на износот на зголемувањето, тој ќе биде додаден на овие 35 проценти што ви ги наметнавме“, се вели во писмото на Трамп до Вучиќ.

Вчера, американскиот претседател на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social) објави нови царински стапки за повеќе земји: 25 проценти за Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Казахстан; 30 проценти за Јужна Африка; 32 проценти за Индонезија; 35 проценти за Бангладеш; 36 проценти за Камбоџа и Тајланд; и 40 проценти за Лаос и Мјанмар.

Трамп царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.