Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп нема план за царините, тивко стравуваат менаџери на фондови: „Може да е ненормален“

0
By Zoran Ivanov on April 12, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Стисната тупаница за збогум: Трамп со хеликоптер ја напушта Белата куќа на пат кон својот имот во Флорида пред инаугурацијата на бајден (Фото: АП)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во време кога американскиот претседател Доналд Трамп постојано ги менува своите ставови за трговската политика, соочувајќи ги финансиските пазари со голема нестабилност, дел од менаџерите на инвестициски фондови во САД сè повеќе ја доведуваат во прашање рационалноста на неговите одлуки, пишува „Индепендент“.

„Во последните денови имавме многу разговори со менаџери на фондови“, напиша Том Ли, раководител на истражувања во „ФС инсајтс“, во средата наутро, пред Трамп да ги отфрли повеќето царини за американските трговски партнери.

„Нивната загриженост е што Белата куќа не постапува рационално, туку идеолошки. Некои дури стравуваат дека можеби не се работи ниту за идеологија“, додаде тој. „Неколкумина тивко се прашуваат – дали е можно претседателот да е луд?

Коментарите на Ли ги објави „Њу рипаблик“.

Тој го обвини Трамп за економските последици.

„Неколку функционери изјавија дека ниту сакаат ниту очекуваат рецесија. А, со доволно советници кои добро ја познаваат економијата, тие секако се свесни за тоа. Дополнително, фискална стимулација од 2 до 3 отсто од БДП, потребна за запирање на рецесијата, ќе ги неутрализира сите ветени кратења на државните трошоци. Тоа е рационално гледиште“, напиша Ли.

Во средата, Трамп предизвика нова пазарна паника откако воведе големи царини за увоз од десетици земји, а потоа ја смени одлуката истото попладне и објави 90-дневна пауза на тарифите над основната стапка од 10 отсто – освен за Кина. Кога Кина одговори со објавување на царини од 84 отсто за американските стоки, Трамп одговори со ново зголемување на царините за кинески увоз, се до 125 отсто.

По објавувањето на паузата, пазарите нагло се зголемија – берзанскиот индекс СиП 500 порасна за 7 проценти за само неколку минути.

Ако берзите повторно почнат да паѓаат, тоа ќе биде знак дека се соочуваме со продолжен период на заострување на финансиските услови, напиша Ли во средата наутро, пред Трамп да ја промени одлуката и да воведе пауза. Колку подолго трае оваа нестабилност, толку е поголем ризикот дека САД и светот ќе бидат турнати во непотребна рецесија.

Трамп, наводно, одлучил да ги повлече тарифите откако го гледал интервјуто на „Фокс њуз“ со извршниот директор на Џеј Пи Морган Чејс, Џејми Дајмон, во кое банкарот изјави дека рецесијата е „веројатен исход“ на новите трговски мерки. Според „Вашингтон пост“, Дајмон истакнал дека тарифите може да служат за одредена цел, но го повикал претседателот да му даде повеќе време на министерот за финансии Скот Бесент да постигне договори со други земји.

На Трамп му беше поставено прашање од новинар во средата за тоа кога одлучил да воведе пауза во царините. „Би рекол утрово. Размислував за тоа последниве неколку дена. Прилично рано утрово“, одговори тој.

Еден ден подоцна, директорот на Националниот економски совет Кевин Хасет рече дека паузата е „заснована на искрени дискусии“ и дека приближно 15 земји веќе дале понуди до САД.

 

нема план Трамп царини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.