Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп објави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД

0
By Соња Крамарска on November 16, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: theverge.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот претседател на САД Трамп синоќа објави дека почнува со неговата трета претседателска кампања, со што се одлучи за предвремен почеток на трката за републиканска номинација за изборите во 2024 година.

„За Америка да биде повторно голема и величествена, вечерва ја објавувам кандидатурата за претседател на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп пред стотици поддржувачи, членови на клубот и пред новинари во салата на имотот Мар-а-Лаго на Флорида.

Тој стоеше покрај американски знамиња и транспаренти со слоган „Да ја направиме Америка повторно голема“ – слоган со кој победи и го доби првиот претседателски мандат.

„Се кандидирам затоа што верувам дека светот сè уште не видел колку оваа земја навистина може да биде величествена. Повторно ќе ја ставиме Америка на прво место“, посочи Трамп.

До објавата дојде само една недела по разочарувачките резултати на Републиканците на изборите, што ќе ја натерат партијата да одлучи дали да ја поддржи кандидатурата на Трамп. Тој со одбивањето да го прифати поразот во 2020 година, поттикна бунт и ја доведе американската демократија на работ, пренесе Бета.

Уште една претседателска кампања е пресврт за кој било поранешен претседател, а особено за таков, кој влезе во историјата како прв кој е двапати отповикан и чиј мандат заврши со тоа што негови поддржувачи упаднаа во Капитол со цел да го запрат мирниот трансфер на власта, на 6 јануари 2021 година.

Во поголемиот дел од говорот, Трамп избегнуваше да именува одредени лица, нешто што го правеше за време на неговите претходни собири, а наместо тоа, го критикуваше актуелниот шеф на државата Џо Бајден и зборуваше за, како што тој смета, неговите успеси додека бил претседател.

Трамп влегува во трката во чувствителен политички момент. Тој се надеваше дека ќе го објави почетокот на кампањата по голема победа на Републиканците на средномандатните избори за Конгресот  со кандидатите кои ги поддржуваше во предизборната кампања. Меѓутоа, многумина од нив изгубија, што им овозможи на Демократите да ја задржат контролата над горниот дом на Конгресот, Сенатот а Републиканците се само близу до тенко мнозинство во долниот дом.

Трамп се соочува со критики од сопствените сојузници, кои велат дека е време Републиканците да гледаат кон иднината. Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис се најавува како фаворит за републиканскиот кандидат за Белата куќа.

Трамп е сè уште популарен во изборната база на партијата, но, други Републиканци, вклучувајќи го поранешниот потпретседател Мајк Пенс, сè повеќе преземаат чекори во јавноста кон сопствени кампањи. Тие укажуваат на тоа дека Трамп ќе има голема конкуренција во трката за републиканска претседателска номинација.

втора кандидатура Доналд Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.