Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од рускиот претседател Владимир Путин.
Зависи од него, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали рокот за Путин да се согласи на примирје е сè уште на сила. Ќе видиме што има да каже. Сè зависи од него. Многу сум разочаран, додаде Трамп.
На прашањето дали Путин мора да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се сретне со Трамп, американскиот претседател рече: „Не“. „Би сакал да се сретнам со нив и ќе направам сè што можам за да го спречам убивањето“, рече тој.