Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара

0
By Zoran Ivanov on September 18, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Доналд Трамп, на вториот ден од неговата државна посета на Велика Британија, со својот домаќин, британскиот премиер, Кир Стармер, одржа заедничка прес-конференција на која двајцата лидери оценија дека двете земји „минаа долг пат“ во своите специјални односи и дека сега ги обновија за новата ера.

За време на билатералните разговори Трамп и Стармер денеска потпишаа договор за технолошки инвестиции, што предвидува повеќе десетици милијарди долари инвестиции на двете страни од Атлантикот.

Стармер на почетокот изјави дека во текот на разговарите  биле отворени прашањата за  зајакнување на одбраната, дополнителната поддршка за Украина и „решително зголемување на притисокот врз Путин да се согласи на мировен договор што ќе трае“.

Трамп повтори дека неговата цел е да ја запре руската инвазија врз Украина, признавајќи притоа дека на почетокот мислел дека тоа ќе оди „најлесно“ благодарение на неговиот однос со Владимир Путин.

„Но, тој ме разочара. Навистина ме разочара“, рече Трамп.

Потоа тој рече дека ќе „види како сето тоа ќе се развива“ и додаде дека верува дека ќе се постигне договор меѓу Русија и Украина, иако „никогаш не се знае во војна“.

Се случуваат работи што се сосема спротивни од она што го мислите, мислевте дека ќе биде лесно или тешко, а се покажува обратно, рече Трамп.

Запрашан дали е време да се изврши притисок врз Путин за тој да се исплаши, американскиот претседател кусо возврати со „да“.

Трамп беше прашан од британски новинар дали погрешил што го покани Путин на Алјаска и дали се кае за тоа, на што, исто така, кусо одговори „Не“, но рече дека смета дека сега е време да се изврши притисок врз рускиот претседател, тој да се исплаши и да му се воведат санкции.

Тој зборуваше и за други конфликти во светот во кои, како што наведува, има заслуги за мирот, а потоа се врати на конфликтот во Украина.

Се надевам дека наскоро ќе имаме добри вести за вас, рече Трамп и додаде „ќе ви го кажам и ова: милиони луѓе загинаа во таа војна, милиони души, а тие не се Американци. Тие се претежно војници, тие се убиваат во размер невиден од Втората светска војна. Чувствувам обврска да се осврнам на тоа поради тоа.

Британскиот премиер ја нагласи потребата од продолжување на зголемувањето на притисокот врз рускиот лидер, потсетувајќи на инцидентот од минатата недела кога руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор.

 

Путин разочара стармер Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.