Американскиот претседател Доналд Трамп употреби многу остри зборови за својот руски колега Владимир Путин по најголемиот воздушен напад на Русија врз Украина.
Секогаш сум имал добар однос со Владимир Путин, но нешто му се случило. Целосно полудел. Секогаш сум зборел дека ја сака цела Украина, а не само дел, и можеби се покажува како точно, а ако тоа го стори ќе доведе до пад на Русија“, напиша претседателот на САД на Truth Social.
Што по ѓаволите му се случи? Убива многу луѓе. Воопшто не ми се допаѓа ова“, им рече Трамп на новинарите во Америка.
Коментарите дојдоа после објавите на украинската воена авијација дека Русија лансирала рекорден број на дронови врз Украина во текот на ноќта. Наведено е дека руските сили испратиле 298 дронови и 69 проектили, и дека Украинците успеале да соборат 266 дронови и 45 проектили.
Пред реакцијата на Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „молчењето“ на Вашингтон го охрабрило Путин и повика на „посилен притисок“ врз Москва, вклучително и воведување построги санкции.