Доналд Трамп се закани дека ја укине финансиската помош за Палестина.
Американскиот претседател рече дека мировниот процес на Блискиот Исток е во ќор-сокак.
– Им плаќаме на Палестинците стотици милиони долари годишно и не добиваме ниту благодарност, ниту почит. Тие дури не ни сакаат да преговараат за премногу одложениот мировен договор со Израел. Ние го „повлековме Ерусалим од масата“ – нејтешкиот дел од преговорите и поради тоа Израел ќе треба да плати повеќе. Но, бидејќи Палестинците не сакаат да преговараат за мир, зошто воопшти во иднина да правиме такви големи исплати, напиша Трамп на неговиот Твитер.
Трамп предизвика бурни реакции во светот откако го призна Ерусалим за главен град на Израел.