Транспарентност Македонија изразува жесток протест и остра осуда по повод продолжувањето на притворот на новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски.
ТМ смета дека новинарот Кежаровски се држи во притвор без издржана правна основа и како резултат на политичкиот притисок на истражните полициски органи врз судството.
Потсетуваме дека Кежаровски е новинарот кој изнесе непријатни детали за лошо водената и набрзина затворената истрага по повод трагичната и сомнителна смрт на
новинарот и новинскиот издавач Никола Младенов.
ТМ смета дека Кежаровски мора итно да се пушти од притвор и да му се обезбедат сите услови, од слобода, за фер и праведно судење. ТМ предупредува дека власта ескалира во правец на насилство во својот однос кон оние новинари и некои медиуми кои не известуваат онака како што тоа го замислила пропагандната канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа ќе придонесе за понатамошен пад на условите за слободно и професионално работење во
медиумите и за продлабочување на демократската криза во земјата.