Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трансплантација на матични хематопоетски клетки на Хематологија

0
By Нова ТВ on November 12, 2018 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки минатата недела била извршена врз 22 годишен пациент, на Клиниката за хематологија.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека досега за ваква трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител пациентите се испраќаа во странство, а од сега веќе нема да се малтретираат ниту семејството, ниту пациентите и ќе се направи огромна заштеда на финансиски средства од Фондот за здравствено осигурување. Македонија е дел од Европскиот регистар за матични клетки  од каде што се земени матични клетки и донесени се на Клиниката за хемтологија.

– Оваа процедура од сега редовно ќе им биде на располагање на сите наши пациенти кои боледуваат од малигна болест на крвта и на кои им е потребна трансплантација. Дополнително ќе ги разгледуваме моделите кои ќе го зајакнат јавно здравствениот сектор, во блиска иднина на развивање на моделите на јавно приватно партнерство, за да обезбедиме инфраструктура таму каде недостига, а ќе работиме и на покревање на нивото на експертиза на нашите лекари преку едукација во странство или носење странски експерти кај нас, изјави Филипче.

Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев потенцира дека една ваква трансплантација во странство во просек изнесувала до 120.000 евра, а опсегот можел да биде од 90.000 евра до 250.000 евра.

– Со овој проект во наредните години значителен износ на пари ќе се заштедат во ФЗОМ, што ќе ги распределиме во други области каде имаме потреба, додаде Дончев.

Директорката на Универзитетската клиника за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис посочи дека во јавното здравство во Македонија сега има еднаква услуга, унифицирана како во сите светски центри.

– Овој значаен исчекор напред во покревање на квалитетот на здравствените услуги ќе беше невозможен без поддршката на Владата, Министерството за здравство и ФЗОМ. Се отвора можност и пациенти странски осигуреници да ја побараат оваа услуга во нашата држава, додаде Пановска-Ставридис.

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека пациентот е стабилен, се чувствува добро, меѓутоа следи период од 180 дена кога ќе треба да биде во посебни услови додека потполно не ги прифати донираните хематопоетски клетки.

– Досега годишно во просек околу 20 пациенти се упатувани во центрите во странство за трансплантација на матични хематопоетски клетки. Пациентот не чека, доаѓа, го дијагностицираме, прима терапија, постигнува ремисија, доколку има потреба од трансплантација најпрво се тестираат членовите на семејството, ако има донор од нив се прави алогена сродна трансплантација, а во спротивно пристапуваме кон барање на несроден донор. Има уште четири пет пациенти кои се потенцијални да поминат низ процесот на несродна трансплантација, додаде Пановска-Ставридис.

Според светските искуства, за да се каже дека една ваква трансплантација е успешна, потребно е да поминат 3 до 6 месеци, период во кој треба да следува добро мониторирање и дозирање на терапијата, како и период во кој пациентот треба да ги прифати донираните клетки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.