Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Транспортен центар, Ѓорче Петров, Лепенец, Волково

24
By Нова ТВ on October 2, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

автор: Александар Петров

Доволен е само еден пороен дожд за да се увиде хаосот во кој колабира Скопскиот сообраќај. Тоаe видливо поготово последните години, кога му се уништи целокупната планска структура, густината му се прелеа, а сообраќајната инфраструктура остана непроменета.

Таа е иста од 80 тите години,со исклучок на некој кружен тек подобен за одржување на политичката надмоќ (затоа и не издржа ни пар години). Гуп от датира од 1964 година и во него сеуште стојат обележани пробиената сообраќајница под калето и  булеварот Крушевска Еепублика. Два капитални  крвотока кои до денешен ден и недостасуваат на реалноста.

Во Центарот, делумно се проширија само коловозите (колку да се исечат дрвјата) и присилно да се издејствува изградбата на сомнителни катни паркинзи за дополнително да се оптовари сообраќајниот доток. Во недостаток на било каква идеја за содржина на потенцијалниот простор, сообраќајниот грч го нагриза ткивото со несразмерен волумен на транспорт.

За град како Скопје кој е современо поставен,битно е  главната носивост да ја имаат главните и широки сообраќајни артерии со непречен доток,а целокупниот останат размерпостепено да се дегрутира према централното јадро.

Ширум Европа, каде има поголема развиена административна култура,јавниот се одделува од сопствениот превоз и со тоа се класифицира и заштитува централниот теснец кој најмногу трпи во текот на денот ,и затоа тие зони се затворени за сообраќај.

Се инвестира само во велосипетски и пешачки патеки, непрекинато поврзан  јавен превоз, па дури и најразлични видови на поволности за корисниците со цел тие да ги искористат и да ги отргнат од автомобилите. Двосмерните и едносмерните улици едноставно исчезнуваат, се користат само како рекреативни зони.

Скопје бараше во неколку мандати да го реши својот недооформен  јавен транспорт ,дури и преку транвајски и шинобуски превоз, за да на крај ја избере најнесреќната и неефикасната опција преку  катните кинески автобуси.

Тоа беше само лифтинг, бидејќи во суштина тие само ги брендираа превозните средства, без притоа да воведат новитет или дополнителна опција за да се подобри возниот ред и размената помеѓу деловите од градот. Двокатниот автобус не ја подобрува градската инфраструктура, без разлика дали тој ќе помине покрај некоја нова барокна биртија или покрај некоја од надградбите во Лепенец.

Денес повторно ни нудат  субвенции за Електронски возила како божемен новитет и нужно добро.Тие, како во горниот случај не само што ќе ја докомплицираат сообраќајната пракса, туку и дополнително би го поддржале веќе натрупаниот обем на хистерија.

Спротивно од тоа што насилно ни го сервираат, централното подрачје на Скопје ќе мора да се откаже од школскиот сообраќај, во бенефит  на поголема искористеност на градскиот партер и со тоа поголема јавна еластичност, а решението со јавниот превоз  би можело да се решава етапно, преку растеретување, подземно или на спрат.

На Скопје му е потребна  дополнителна транспортна тераса,со што постоечката би се растеретила, а тоа решение би можело да се понуди со дополнителен превоз преку монореил или подземно метро на пример.

На таа тема има веќе работено и една нашата реномирана мултимедијална артистка, Кристина Пулејкова.Таа преку графичка игра има изработено мапа на сите метро станици кои би го поврзувале Скопје од Ѓорче.П  до Аеродром и накрсно од Водно до Чаир.

За големината на нашиот град  доволно би била една скромна мрежа на подземен сообраќај во два правца, со пресечен чвор кај Транспортниот центар (железничката станица), надевајќи се дека во иднина ќе се вклопи и со предвидениот булевар на Крушевската Република, каде би се расчленувале и пренасочувале градските густини и брзини.

Со тоа градот ќе добие посебен урбан перформанс кој ќе ја олесни пешачката комуникација, концентрирајќи го ударниот метеж преку подземни канали.

За овој тип на интервенција Градот е многу погоден иако се работи за прескапа инвестиција.

Можат да се искористат подземните скривници од зградите кои се градени за време на социјализмот,а денеска се неупотребливи и опасни по нивното одржување. Преку нивната пренамена градот би добил полесно изводлива градежна операција поврзувајќи ги овие точки, кои по потребата би прераснале во метростаници .

Со ваков бенефит метрото и ќе ја намали временската поврзаност и нервоза помеќу различните делови од градот а со тоа и квалитетот на јавниот сообраќај . Градот ќе добие на ефикасност и рационалност.

Идејата за монореил секако е интересна ,иако како таква изумира по светските метрополи,(не доходовност). Можеби би имала атрактивно значење доколку би се поврзала со жичарата и би отворила воздушен простор за уште еден паралелен тек, каде во случајов би се добиле интересни и примамливи визури за движење по градот.Не верувам дека тоа би добило на значење,бидејќи Скопје со фаталната 2014 е трајно осакатено одгрди и неподобни видици.

Во склоп на оваа тема за транспортот,кој деновиве актеулно се банализира преку програмата за електронските возила(кои секако се битни ,но не во плански контекст), се занемарува и темата за Варадската долина.

Таа беше атрактивна за електростопанството,а можеше да биде и оригинална  за пловниот сообраќај со што Скопје дополнително ќе добиеше уште една развојна координата на подолг период.

Вака, соочени со опасноста од труењето на реката,тотално расцепеното корито и узурпација на нејзиниот природен тек од тркала,бродови и што уште не,ќе мора да се бориме со основните проблеми за негова заштита ,филтрирање и прочистување од фекалната зараза.

Меќународниот аеродром е исто така битен дел за севкупно заедничко поврзување и испреплетување на сиве овие сообраќајни опции кои би ни биле во интерес на подобрувањето и модернизирањето согласно со времето во кое живееме.

Tоа е од посебно значење, бидејќи современиот глобализам бележи најголем раст токму на ваквите инфраструктури,бројчани матрици, лесно пресметливи блобамеби кои постојано се прошируваат и доградуваат.

Аеродормот во Петровецод годините на неазвисност до сега , 5 пати го има зголемено капацитетот на патници (од 312000 во 1990 до 1,450,000 во 2015 год), а таков тренд прикажуваи во скора иднина.

Овој сателит  сигурно би можел да биде вклопен во развојот на следното Скопје кое динамично ќе бара да диши и да се развива во слобода.

Секако тука има и многу други правци потребни за размисла на  прогресот  и ширењето на градот, кои би пркоселе на неговата моментална клиничка смрт.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.