Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска – Дуџак: МТСП и ОН продолжуваат да соработуваат во областа на социјалните политики, родовата еднаквост и заштита на децата

0
By Mirjana on January 25, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак, со која разговараше за тековните проекти во кои Министерството за труд и социјална политика соработува со агенциите на ОН, како и за идната соработка во насока на креирање и имплементирање на уште подобри социјални политики кои ќе одговорат на потребите на граѓаните и поголема заштита на човековите права.

Како што соопшти МТСП, министерката Тренчевска информираше дека изминативе денови се одржаа состаноци со сите сектори во Министерството при што беше направен пресек на сите досегашни активности, воедно и досегашната соработка и заеднички активности со агенциите на Обединетите нации.

–Министерството за труд и социјална политика има одлична соработка со сите агенции на ООН на повеќе прашања кои се во надлежност на министерството. Особено е значајна соработката  во подготовката на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и  креирањето и развивањето на мобилната апликација за поддршка на жртвите на родово базирано насилство каде во координирана работа работеа двата сектора еднакви можности и социјална заштита со УНДП, УНФПА. Соработката во креирањето на политиките во областа на  родовата еднаквост продолжува и понатаму, рече министерката Тренчевска.

Во насока на идните заеднички активности,  Тренчевска го посочи отворањето на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, кој е прв таков во регионот, со можност да прерасне во регионален центар. Центарот треба да обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражувања и обуки за градење на капацитетите на државните службеници во областа на родовото одговорно буџетирање.

МТСП во соопштението наведува дека на средбата стана збор и за процесот на деинституционализација и правата на лицата со попреченост, при што беше истакнат одличниот напредок на нашата држава. Во поглед на заштитата и правата на децата, беше посочена соработката со УНИЦЕФ, која и натаму продолжува.

-Тренчевска  изрази благодарност за досегашната помош и поддршка изминатите години, а особено во време на КОВИД-19, што претставува  голем предизвик не само во поглед на здравството и економијата, туку и предизвик во поглед на човековите права и нивната заштита. Двете страни изразија задоволство за можноста за понатамошна продлабочена соработка со агенциите на ОН во областите кои се во надлежност на ова министерство, информира МТСП. 

Министерство за труд СОРАБОТКА СО ООН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.