Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Наша стратешка цел е општество со повисоко ниво на толеранција и поддршка на ранливите категории

0
By Sashko on February 23, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 23, 2022 20:10

Досегашната соработка со Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и идните планови и проекти во областите во надлежност на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), беа главни теми на разговор на ресорната министерка Јованка Тренчевска со претставничките на Мисијата на ИОМ во земјава.

Претставничките на Мисијата, како што соопшти МТСП, информираа за активностите во делот на помош и поддршка на мигрантите, нивна медицинска и психо-социјална поддршка, како и поддршка за ефективна реинтеграција на ранливите повратници, мигранти од ЕУ кон Западен Балкан и борбата против трговијата со луѓе.

Министерката Тренчевска ја истакна определбата на нашата држава за почитување на основните човекови права и слободи и нивна заштита, недискриминацијата, градење на општество со повисоко ниво на толеранција и поддршка на ранливите категории. Во врска со повратниците, таа посочи дека пристапот кон социјалните услуги, вработувањето на лицата повратници, влез во образованиот процес и домувањето се главните цели на кои Министерството работи со цел нивна ефективна реинтеграција во општеството, се наведува во соопштението.

Министерството за труд и социјална политика потсетува дека е координатор на националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе (НМУ) кој претставува рамка за соработка и координиран приод помеѓу социјалните служби, полицијата и невладиниот сектор.

Министерката ја нагласи улогата на Центрите за социјална работа и стручните лица кои се дел од мобилните тимови за рано откривање на жртви со трговија со луѓе.

Мобилните тимови за превенција од трговија со луѓе се позитивен пример и добра пракса која е прифатена од други земји во регионот. Тие се првата алка и првата точка од каде започнува пружањето на поддршка кон лицата жртви на трговија со луѓе, рече Тренчевска.

Во соопштението се додава дека Мисијата опфаќа и активности во борбата против насилен екстремизам, со акцент на младите, преку промена на размислувањата и подигнување на свеста за опасноста од оваа појава.

„Соговорниците изразија продлабочување на соработката во иднина преку пружање на соодветна помош од страна на Меѓународната организација за миграција во насока на стратешко и технички имплементирање на Резолуција за миграциската политика усвоена од Собранието на РСМ, како и во однос на подготовка и имплементацијата на нови стратегии и акциски планови за прашања поврзани за миграција, усогласувањето со стандардите согласно законодавството на ЕУ, понатамошна поддршка во јакнењето на техничките капацитети во овој контекст“, потенцираат од МТСП.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.