Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Згрижувачките семејства даваат резултати, децата без родители и родителска грижа растат во семејна атмосфера

0
By Sashko on August 22, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети згрижувачкото семејство Гошеви кое има згрижено три деца на возраст од четири, четиринаесет и осумнаесет години, со различни социјални и здравствени ризици.

Тренчевска, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, истакна дека со вистинска посветеност, љубов и грижа згрижувачкото семејство Гошеви целосно успеале да создадат семејна атмосфера која е од големо значење за психо-физичкиот развој на децата.

„Како Министерство за труд и социјална политика тоа е и нашата заложба,  преку реформите во социјалната заштита, децата без родители и родителска грижа бидат сместени во опкружување кое е најблиску до семејната атмосфера. Задоволството на згрижувачите и среќата која зрачи од лицата на децата е потврда дека реформата дава вистински резултати“, рече Тренчевска.

Таа посочи дека семејна поддршка, вниманието и грижата се клучни за напредокот на децата.

Со цел поддршка на згрижувачките семејства и поттикнување на граѓаните кои имаат услови да станат дел од згрижувачките семејства, во нашата држава воспоставени се три центри за поддршка на згрижувачки семејства, тоа се центрите при СОС Детско село, Детскиот дом „11 Октомври“ – Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола. 

Центрите за поддршка на згрижувачките семејства се воспоставени со новиот Закон за социјална заштита и нивна задача е подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки семејства. Во моментот во државата има 324 згрижувачки семејства во кои се сместени вкупно 576 корисници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.