28 јануари е денот кога работниците зборуваат, овој протест е за вашите плати кои не стигнуваат од први до први, овој протест е поради неправдата, затоа што тие земаат десет пати поголема плата од вашата, истакна денес на прес-конференција претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.
Трендафилов нагласи дека овој протест е за зголемување на сите плати и дека работодавачите и Власта не се грижат за приходите на работниците. Преседателот на ССМ ги повика сите работници да се придружат на утрешниот протест.
Ако ви се закануваат, не треба на никој да му се плашите, на никого ништо не му должите, им должите само на вашите семејства достоинствен и пристоен живот, нагласи Трендафилов, кој ги повика и пензионерите да се придружат на протестот.
Трендафилов нагласи дека имало закани кон работници, но сите кои се заканувале на работници ќе бидат објавени со пораки, фотографии и детали.




