Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трет случај со коронавирус на Детска клиника – заболена е докторка од имунологија

0
By Менче Атанасова Точи on April 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Клиниката за онкологија, пак се воведува нов начин на делење на терапијата на болните. Таму веќе се заболени тројца лекари, две транспортерки и една медицинска сестра. Околку 15 вработени се наоѓаат во самоизолација.

Докторка од одделот за имунологија на Клиниката за детски болести заболена со КОВИД-19. Таа е трет случај која е позитивна на вирусот на оваа клиника, по лаборантот и медицинската сестра која е од истиот оддел за имунологија, потврди министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција. Филипче не кажа колку оддели се затворени, дополнително рече ќе информира колку вработени се во самоизолација, но потенцира дека е направена реорганизација на работата на клиниката. Откриен е кластерот на заразата, тоа е мајка чие дете се лекувало на одделот за имунологија.

„ Позитивна е уште една докторка на одделот за имунологија. Тестовите на другите вработени од онколошкиот оддел се негативни. Симптоматските случаи се праќаат во детската болница во Козле. Имам секојдневна комуникација со клиниката“, изјави Филипче, откако НОВА праша зошто само на оваа клиника нема одговор на прашањата, дека се нетранспарентни што се коси со одлуката за транспарентно однесување и информирање.

Како што објави НОВА, на одделот за имунологија од 20 до 30 март престојувала мајка со своето дете и кога повторно се вратиле на клиниката за прием, тестот кај мајката кој бил направен заради предострожност, се покажал позитивен на коронавирус што инцирало да се направат тестирања на 10 вработени. Кај еден лаборант кој му земал земал крв на детето тестот бил позитивен. Медицинската сестра била тестирана во втората група и нејзиниот резултат сигнал вечерта, истиот ден.

Епидемиолозите утврдија дека изворот е мајката, но на клиниката за цело време се премолчуваа овие податоци. Исто како што не добивме одговор и денеска за докторката која што е позитивна, за да можеме за тоа да прашаме на прес конференцијата, односно нашите прашања да не бидат на ниво на шпекулации.

На Клиниката за онкологија, пак се воведува нов начин на делење на терапијата на болните. Таму веќе се заболени тројца лекари, две транспортерки и една медицинска сестра. Околку 15 вработени се наоѓаат во самоизолација. Останатите вработени ротираат на една недела. Заради тоа се подготвуваат посебни протоколи, терапијата на пацинтите за кои што е тоа возможно да им се дели во нивните места на живеење, објасни министерот Филипче, а потврди и директорот на Клиниката, Нино Васев.

„ Со оваа стратегија која ја договараме со Министерството за здравство таблетарната терапија ќе им се доставува на пациентите со помош на Црвен крст до нивните домови, а ампуларната ќе ја примаат во болниците на нивните места на живеење. Така нема да се изложат на ризик да патуваат, а на клиниката ќе се намали бројот на пациенти за 6о проценти“, изјави Васев за НОВА.

На оваа клиника каде што се лекуваат најтешко болните, имунокомпромитирани пациенти се уште не се знае кој е кластерот, од каде дошла заразата. Но, бидејќи вработените се заразени од меѓусебни контакти во исти простории, Васев вели дека забранети се заеднички пиеања на кафе, заеднiчко јадење и се почитуваат правилата за држење на дистанца.

Министерот Филипче изјави дека и во Кочани има една докторка која е позитивна на коронавирусот. Тој рече дека нема други заболени, а сите пациенти од болницата ќе одат на домашно лекување.

Што се однесува до домот за стари лица, за Геријатрија во Ѓорче Петров, таму нема нови заболени, тестовите се негативни, откако болеста беше откриена кај една вработена хигиеничарка. Тројца штитетници од домот и 13 вработени се во самоизолација.

Негативни се и тестовите направени во затворот во Шуто Оризари, рече Филипче. Таму биле направени 50 тестови откако притвореник од Ресен почина од КОВИД-19.

Министерот соопшти дека од денеска е ставена во употреба и лабораторијата во МАНУ, со што ќе се намали времето на чекање за резултати од тестовите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.