Трет турски министер поднесе денеска оставка поради корупцискиот скандал во државата, откако претходно во текот на денот оставки поднесоа министерот за економија и министерот за внатрешни работи, Зафер Чаглајан и Муамер Ѓулер.
Третиот министер што поднесе оставка е Ердоган Бајрактар, министер за животна средина, кој го повика и премиерот Реџеп Таип Ердоган да го стори истото.
– Поднесувам оставка од функцијата министер и од функцијата пратеник, изјави Бајрактар за телевизијата НТВ и го повика Ердоган исто така да поднесе оставка.
Дваесет и четири луѓе меѓу кои и синовите на министрите за економија и внатрешни работи беа успени во минатата недела заради сомненија за голем финансиски скандал. Уапсен е и директорот на „Халкбанк“ кај кого според полицијата биле пронајдени повеќе од 4,5 милиони долари скриени во кутии за чевли.