Културниот центар Кула го претставува третото издание на фестивалот „Под земја полесно се дише“.
Како и претходните две години фестивалот ја задржува истата локација во подземните гаражи кај Плочник.
Датумот е исто така симболичен и ќе го одбележи последниот викенд од оваа година на 27 декември (недела).
Старата, веќе проверена локација, гаражите кај плочник, ќе биде привремено отелотворување на низок орган на извршната власт, каде дента ќе се оддржуваат стандардните секојдневни активности – министерски журки и хамбургери.
Претстава, нови бендови, видео енд саунд инсталации, скулптури и спејс инсталации се само дел од програмата, која ќе ја проследите заедно со силната предновогодишна еуфорија.
Во 20 часот студентите на ФДУ ќе ја изведат претставата „Како класа 13 во 2015-та ја одигра Животинска Фарма од Џорџ Орвел“, а ќе има и аудио-визуелна интерактивна инсталација на Сашо Пуцковски.
Ќе следи и изложба на колективот Кула.
Во 22 часот на програмата е „Љупа и Кико ( Ја и ти )“, додека во 23 часот ќе следи TV Rage.