Охрид загуби од Борац Чачак со 62:82 во првото коло од премиерното издание на втората кошаркарска АБА лига. Мечот во СЦ „Билјанини извори“ беше еднонасочен во целиот негов тек за што говорат и резултатите по четвртини. Српскиот претставник ги реши во своја полза сите четири (21:14, 20:19, 20:18, 21:11) за заслужена победа на крајот.
Марко Стојадиновиќ беше централна фигура во мечот со 21 поен и 12 скока, лидер на охриѓани беше Французинот Реми Бари со 21 кош и четири скока.
АВ Охрид во наредното коло (18 октомври, 18 ч.) ќе гостува во Цетиње на тимот на Ловќен.
АБА лига 2, 1 коло
АВ Охрид – Борац Чачак 62:82
Динамик – Приморска 85:85 (во тек се продолженија)
Крка – Ловќен 89:76
Теодо Тиват – Рогашка 78:69
Сплит – Зрински Мостар 90:76
Босна Ројал – Вршац 77:84