Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три години голгота-за тројца млади тешко болни да го добијат неопходниот лек

0
By Менче Атанасова Точи on July 22, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тројца млади пациенти со тешка форма на Цистична фиброза и брзо прогрeдирачка белодробна болест, по три години голгота и борба за неопходната терапија која за нив значи живот, се на прагот да го добијат лекот Калидеко(Ивакафлор). Ова за НОВА го потврдија од ФЗО, откако пред две недели побаравме одговор дали ќе бидат одобрени финансиски средства за да се набави терапијата која им е непоходна.

Овие млади луѓе, едната е девојка на возраст од 19 години и другите двајца, еден на 30 и дете на 12 години имаат ретка форма на Цистична фиброза(поради одреден тип на мутација) од која боледуваат само 4 до 5 проценти од пациентите со ЦФ во светот.

Тие дишат со помош на боца за кислород и помошна сиптоматска терапија, секојдневно се задушуваат поради нискиот капацитет и инфекциите на белите дробови, алармираат родителите.

„Флора има 19 години и веќе неможе да направи ниту 10 чекори.  Постојано е со боца за кислород. Ја боли секој дел од телото, нема сила да се движи. Ако не се донесе лекот овие деца ќе умрат“, велат за НОВА, од семејството на оваа млада тешко болна девојка која не е во состојба ниту од дома да излезе.

Родителите велат дека три години молат за децата да ја добијат неопходната терапија, неколку пати биле и кај министерот за здравство Венко Филипче. Тој побарал да се состане комисијата и да одлучат што понатаму.

Кога НОВА, започна да го истражува случајот имаше најава за позитивни сигнали, според лекарите, но вистинската слика покажа дека работата застанала во место.

Проф.д-р Стојка Фуштиќ, раководител на Одделот за цистична фиброза при Клиниката за детски болести која е активно вклучена во барање на терапија за овие пациенти, вели дека лековите кои се користат во нашата земја за лекување на пациентите со цистична фиброза (ЦФ) спаѓаат во симптоматска терапија, а целта на третманот е да се успори прогресијата на белодробната болест, да се контролираат инфекциите, да се обезбеди нормален раст и развој, односно нуртритивен статус на пациентите и секако поквалитетен живот.

“Во последната деценија започнува нова ера во третманот на ЦФ, со развојот на новата класа на лекови позната како CFTR-модулатори –  мали молекули кои се насочени кон основниот дефект на ЦФ (етиолошка терапија).

Kalydeco/Ivacaftor е прв таков CFTR модулатор наменет само за пациентите со ЦФ кои имаат мутација од III-та класа (“gating” мутации). Kalydeco/ Ivacaftor е одобрен за користење од FDA и ЕМА во 2012 година за пациенти со ЦФ на возраст од ≥ 6 години, кои имаат барем една копија на G551D мутација, а во 2014 и за пациентите кои се носители и на една од останатите 8  “gating” мутации.

Кај нас има тројца пациенти со ваков тип на мутации на кои им е неопходен овој  лек, бидејќи имаат брзо прогрeдирачка белодробна болест и многу нарушен квалитет на животот.

Во тек се активности со сите надлежни институции за обезбедување на лекот. Искрено се надеваме дека овој лек ќе биде наскоро достапен за пациентите на кои им е неопходен“, изјави за НОВА, Проф.д-р Стојка Фуштиќ.

Проф.др. Стојка Фуштиќ, Раководител на оддел за ЦФ, Клиника за детски болести

Во периодот кога ја добивме оваа изјава(тоа беше пред две недели) и кога проф.др Фуштиќ најави дека има позитивни сигнали за набавка на лекот, работата се уште беше статус кво, а надлежните институции се уште си ја префрлаа топката.

Од Министерството за здравство на одговор не упатија во Фондот за здравствено осигурување.

„Фондот за здравствено осигурување ќе одобри буџет за двете институции и лекот ќе биде набавен. За информација кога ќе се набави лекот, Ве молиме обратете се до Фондот“, одговорија од Министерството за здравство.

По ова НОВА испрати прашања во ФЗО, а на одговор чекавме 10 дена. Точно толку време се одвиваа и преговорите и консулатациите меѓу овие две институции. За цело време бевме известувани дека се работи на случајот , да причекаме со објавување на сторијата и не уверуваа дека проблемот да биде надминат.

Во конечниот одговор кој го добивме од ФЗО се вели дека постапка за одобрување на лекот ќе започне веднаш штом ќе ги добијат  потребните податоци од  Клиниката за детски болести.

„За лицата со цистична фиброза, Фондот веќе одобрува терапија преку условен буџет за Клиниката  за детски болести и  Институтот за белодробно заболување кај децата Козле – Скопје. Тој може да се прошири и со дополнителна терапија, за што Фондот спроведува соодветна постапка .

Согласно ова, за да  се одобри условен буџет за лекот Kalideko/Ivacafator , Универзитетската  клиника за детски болести треба да достави  дополнителни податоци и тоа: Број на заболени пациенти, јачина, фармацевтска форма и  пакување на лекот. Но и  пресметковен износ на завршена услуга/ или референтна цена  на лекот, како и тоа колкав буџет  е потребен за набавка на овој лек  за 2020 година .

Откако ќе ги добиеме потребните податоци од  Клиниката, стручните служби на ФЗОРСМ ќе започнат постапка по барањето за одобрување на лекот“, се вели во одговорот од Фондот за здравствено осигурување, до НОВА.

Сега топката е во рацете на Клиниката за детски болести. Од нив зависи колку брзо ќе ги достават овие податоци до Фондот за да започне постапката за набавка на лекот. Ове млади луѓе, речиси деца веќе немаат време за чекање. Нивната здравствена состојба е исклучително тешка и надлежните морада реагираат побрзо.

Инаку, станува збор за современа и скапа тераија која во светот се користи веќе осум години. Лекот се покажал како добар за ваков тип на Цистична Фиброза. Месечна терапија од овој лек за еден пациент чини 15 000 евра или 45 000 евра за сите тројца пациенти. На годишно ниво тоа е околу половина милион евра.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.