Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три лаборатории неовластено земале брисеви -„Ели медика“работела за потребите на Систина

0
By Менче Атанасова Точи on August 22, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Освен астрономско високите цени, се поставува прашањето дали самата лабораторија ги врши тестирањата, ако пак, тоа го прават во Аџибадем Систина, кој им дал дозвола да ангажираат помала лабораторија за да земаат брисеви за нив. Доколку приватните болници генерано ангажираат помали лаборатории да работат за нив, се поставува и прашањето за точноста на резултатите, кој ги обучил техничарите да земаат брисеви и како се спроведува транспортот

Откриени се три лаборатории кои земале брисеви и дел вршеле тестирање на Ковид, а не се на листата на овластени лаборатории на Министерството за здравство. Една од нив, „Ели медика“ од Струмица за која НОВА веќе пишуваше, работела како подизведувач на болницата „Аџибадем Систина“, односно земала брисеви за потребите на болницата. Оваа лабораторија добила забрана од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за вршење на микробиолошка здравствена дејност-земање на брисеви за Ковид-19.

Инспекторите од ДСЗИ утврдиле дека оваа лабораторија врши дејност врз основа на договор за соработка склучен со болницата „Аџибадем Систина“.

“Наведената услуга е надвор од листата на здравствени услуги што можат да се укажуваат во ПЗУ „Ели Медика“ дадена во прилог на дозволата за работа од Министерството за здравство, а се врши врз основа на договор за соработка склучен на ден 17.06.2020 година помеѓу ПЗУ „Аџибадем Систина“ и ПЗУ „Ели Медика“- Струмица.

Во врска со наведеното од страна на ДСЗИ- ПО Струмица, издадено е решение за забрана за вршење на микробиолошка здравствена дејност-земање на брисеви за Ковид-19.

Приговор на ова решение, ПЗУ “Ели Медика“ достави до ДСЗИ. Приговорот, почитувајќи ја правната регулатива на ден 31.07, 2020, ДСЗИ го достави до второстепената комисија на нивно понатамошно одлучување“, потврдија за НОВА од Министерството за здравство.

Од ресорното министерство, врз основа на увидот на ДСЗИ посочуваат дека во лабораторијата на лице место било затекнато и констатирано дека во објектот има посебна обележана просторија назначена за земање на материјал – брис за Ковид-19.

Во самата просторија бил истакнат протокол за земање на материјал во услови на Ковид-19, обезбедени се разладен уред-портабл фрижидер за транспорт на земениот материјал.

Двајцата лаборанти биле затекнати во комплет заштитна опрема како земаат брисеви, а термините за земање на брисеви се закажуваат по телефон.

Но, лабораторијата „Ели Медика“ од Струмица нема дозвола дозвола за Ковид тестови и не е во листата на овластени лаборатории од страна на Министерството за здравство за тестирања за Ковид-19.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат, постапувајќи во рамките на своите надлежности, по извршен вонреден инспекциски надзор во ПЗУ“ Ели Медика“ дијагностичка биохемиска лабораторија Струмица, контатираше дека здравствената установа поседува решение за дозвола за работа на вршење на здравствена дејност на биохемиско-лабораториска медицина за работа надвор од мрежата на здравствени установи издадено од Министерството за здравство“, објаснуваат од ресорното министерство.

Лабораторијата се рекламира дека зема тестови за Ковид чија цена за 48 часа изнесува од 5500 до 6000 денари. Тестовите кои се изготвуваат за 8 часа се по цена од 12 000 денари.

Освен астрономско високите цени, останува отворено прашањето дали тие ги вршат тестирањата, ако тоа го прават во Аџибадем Систина, кој им дал дозвола да ангажираат помала лабораторија за да земаат брисеви за нив. Доколку приватните болници генерано ангажираат помали лаборатории да работат за нив, се поставува и прашањето за точноста на резултатите, кој ги обучил техничарите да земаат брисеви и како се спроведува транспортот.

Од Министерството за здравство информираат дека од страна на ДСЗИ се доставени известувања за работа вондејност за уште две други лаборатории по кои Министерството ќе одлучува. Засега, нема детали за кои лаборатории станува збор.

„Сите лаборатории кои влегуваат во извештајот на ИЈЗ и бројот на направени тестирања на денот, секој ден се наведени во дневното соопштение за статистика на МЗ“, велат од Министерството за здравство.

Како што објави НОВА пандемијата со Ковид многу приватни болници и лаборатории ја искористија за брза заработувачка.

Од почетокот на пендемијата до денес во приватните болници и лаборатории направени се 55 801 тестирања на Ковид-19. Тоа се 40 проценти од вкупно направените тестови во државата. Со тоа приватните лаборатории заработиле  над 3, 5  милиони евра, пресметано по цена која важи од 27 април годинава. Ако на тоа се додадат и брзите тестови кои се три пати поскапи, како и серолошките, сумата ќе биде многу поголема.

Додека многу фирми пропаѓаат, пандемијата со коринавирусот на многу приватни болници и лаборатории им овозможи да профитираат брзо. Затаи солидарноста, а државата не направи единствени цени за сите лаборатории.

Министерството за здравство на почеток на пандемијата им дозволи на неколку лаборатории(Авицена, Жан Митрев клиника, Аџибадем Систина и Биотек) да прават тестови бидејќи, како што рекоа, капацитетите на јавното здравство не се доволни.

Очигледно некои од нив не можат да пристигнат од многу голема побарувачка на тестови и склучуваат интерни договори со помали лаборатории кои земаат брисеви, а некои и вршат тестираа за нив. Цените се превисоки и главно се движат од 3950 до 12 000, некаде и 14 000 денари во зависност од брзината на изработката на тестовите.

Нема информација од надлежните дали резултатите од лабораториите кои не се на листата на Министерството за здравство влегуваат во дневните извештаи и дали се следат контактите од епидемиолозите, односно дали лабораторијата ги пријавува позитивните случаи.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.