Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три нови истраги на СЈО: Груевски осомничен во „Траекторија“ и „Талир“

9
By Нова ТВ on May 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 22, 2017 13:05

Специјалното јавно обвинителство денеска објави три нови истраги под името „Тревник“, „Траекторија“ и „Талир“, во кои има основано сомнение за финансиски криминал.

Во истрагата за „Тревник“ има основано сомнение за три лица за изградба на три викенд куќи во населбата Зелениково, кои се изградени без одобрение за градба, за што според обвинителката Фатиме Фетаи има докази, сателитски снимки и документиација.

Овие три викенд куќи се започнати во 2010 година, а одобрение за градба од општината е обезбедено во 2013 кога се завршени. Законот за изградба предвидува ообратна постапка – одобрени па потоа градба. Надвор од овој редослед, овие дела се казниви како бесправна изградба.

Втората истрага „Тратекторија“ се води против 4 лица, поранешни високи владини функционери кои во втората половина на 2012 и 2013 презеле повеќе дејства во однос на избор на компанија за изградба на автопатот Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид, со што нанеле штета на буџетот  од 155 милиони 117 илјади 172 евра и за истиот износ и овозможиле на компанијата  изведувач да се стекне со имотна корист.

 

Од доказите произлегува дека 4 службени лица во изборот на компанија изведувач ја избегнале процедурата за избор на кинеската Влада и на ЕКСИМ банка како заемодавач.

Изборот требало да го направат според домашното законодавство и ќе достават документација до кинеската Влада која пак ќе ја достави до кинеските компании за кои постои регистар. Но тие спротивно на процедурата ги доставиле до кинеските компании.

Во јануари 2013 тројцата осомничени поттикнати од првоосомничениот започнале разговори со првата компанија, иако втората компанија доставила документација за пониска понуда, која не била земена предвид. Таа понуда ја скриле и парафирале текст за изградба за автопатите  Миладиновци – Штип и Тетово – Охрид со компанија која имала поскапа понуда. Осомничените со тоа сториле злоупотреба на службената положба.

Третата истрага „Талир“ е за незаконско финансирање на политичката партија ВМРО ДПМНЕ.

Во оваа истрага има основано сомнение дека на првоосомничениот, претседател на политичката партија, иако му биле познати законскитге ограничувања, во периодот од 2009 до 20015 овозможил на име на партијата спротивно на законските одредби од Законот за финансирање на политичките партии да прибави корист од лична природа за зацврстување на политичката моќ и во партијата и во државата за да воспостави целосна контрола врз политичката партија.

Првоосомничениот ги прифатил незаконските  средства за финансирање и  не ги вратил на лицата од кои потекнуваат како што тоа го предвидува  законот за да бидат вратени во буџетот и да бидат употребени за хуманитарни цели,  туку ги задржал и ги искористил за противпрaвни дела. Ове постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба.

Доказите укажуваат на основано сомнение дека провоосомничениот со парите кои се прибавени од кривичното дело овозоможили формирање група кои сториле кривично дело перење пари прење пари со тоа што овозможиле парите стекнати со кривично дело да бидат внесени на жиро сметката на партијата. Внесувањето според СЈО, било преку готовински плаќања и во уплтниците имало неточни податоци, и со злоупотреба на имињата на членови на партијата, при што преку готовински упатил на сметка на партијата уплатиле 301 милион 531 илјади 662 денари или 4 милиони 900 илјади евра.

Постои основано сомнение дека дел од осомничените незаконски стекнатите пари ги претставувале во регистарот на донации и како легални уплати биле користени за надмирување на обрските кои осомничените ги имале во партијата.

Со средствата биле плаани сметки, маркетниг услуги, истражувања на јавни мислења, ресторански, хотелски услиуги и купување на недвижен имот.

Во периодот од 2009 до 2015 склучени се 71 договор за недвижен имот платен од овие пари.Постои основано сомнение дека дел од имотот не бил за остварување на целите на партијата, а фотографиите прикажуваат дека овој имот нема партиски цели.

Вкупно се осомничени 11 лица за перење пари, од кои 9 лица како директни извршители и 2 помагачи.

Првоосомничениот овозможил за ВМРО-ДПМНЕ да бидат обезбедени услуги од ГП Бетон Скопје преку јавна набавка. Има основано сомневање дека второосомничениот склучил договор за коинвеститорство од 79 милиони денари, а вкупните вложувања на Бетон биле 556 милиони, од кои 442 милиони била вредноста на објектот, а 131 милион денари биле уплатени на сметка на партијата на име регулирање на меѓусебните права и договори за коинвеститорство. Ова всушност било донација на Бетон за ВМРО-ДПМНЕ. Според законските одредби, преку договор за јавни услуги, оваа компанија не можела да биде и донатор.

Првоосомничениот тоа не го спречил. Има основано сомневање дека 5 лица извршиле кривично дело злоупотреба на службената должност, од кои двајца биле директни извршители, а тројца помагачи. Вкупно осомничени се 14 лица, а идентификувани се лица од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја искористиле партијата и за лични мотиви.

Во предметите „Траекторија“ и „Талир“ првоосомничениот е исто лице, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу останатите осомничени се генерални секретари на партијата во тој период, овластени потписници, како и директори на Центарот за комуникации.

СЈО денеска ќе побара замрзнување и на дел од имотот на партијата, меѓу кои и на зградата во која е штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.