Три од петте украдени ордени не биле на Јованка Броз, објавува Б-92.
Претседателот на Сојузот на здружението на борците од Народноослободителната војна (СУБНОР), Миодраг Зечевиќ, вели дека семејтвото на Јованка бидејќи не можело да ги пронајде нејзините одликувања, членовите на СУБНОР ги позајмиле своите ордени.
Но ова „соломонско решение“ доби непредвидлива завршница.
За време или после погребот на Јованка Броз украдени се три воени и два мирновременски ордени, меѓу кои партизанска споменица и два ордени за храброст.
Три од петте украдени ордени не биле на Јованка Броз, објаснуваат од СУБНОР за Б-92.
Останува мистерија како ги снема ордените кои за време на погребот стоеја до ковчегот на покојната.