Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три отсто е одѕивот до 9 часот, на две избирачки места се гласа без уреди за биометриска идентификација

0
By Zoran Ivanov on October 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 19, 2025 11:29

Одѕивот на локалните избори до 09:15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани. Гласањето, според ДИК, досега се одвива непречено, без никакви проблеми, освен на две избирачки места (едното во Куманово и другото во Штип) каде поради технички причини гласањето се одвива без биометриска идентификација, туку со УВ спреј и УВ ламба.

 Одѕивот на локалните избори до 09:15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани. Гласањето, според ДИК, досега се одвива непречено, без никакви проблеми, освен на две избирачки места (едното во Куманово и другото во Штип) каде поради технички причини гласањето се одвива без биометриска идентификација, туку со УВ спреј и УВ ламба.

На гласачкото место 1133 во Куманово каде се запишани 12 гласачи немало струја, гласањето се одвива без уред за биометриска идентифација, а на гласачкото место 2271 во Штип каде се запишани 507 гласачи лица од ИТ од ДИК направиле обид со два резервни уреди но не можел да стартува уредот за биометриска идентификација.

Гласањето до овој момент се одвива без никакви потешкотии и проблеми и дојави од изборните органи за било какви проблеми. Минатата година за време на парламентарните избори имавме вакви ситуации за вкупно шест избирачки места каде донесовме одлука поради објективни причини гласачњето да се одвива без уред за биометриска идентификација, рече претседателот на ДИК Борис Кондарко на првата прес-конференција на ДИК.

Според обработените податоци на ДИК, во Битола излезноста е 3,38 проценти, Богданци 4,68 проценти, Боговиње 1,29, Бутел 3,63, Вевчани 5,2, Врапчиште 0,87, Гевгелија, 4,37, Гостивар 1,71, Градско 5,61, Делчево, 4,11, Демир Капија, 5,37, Дојран 5,06, Зеленикот 5,62, Карпош 3,09, Кисела Вода 3,65, Кичево, 2,35, Кратово, 5,13, Куманово 1,91, Липково, 2,02, Лозово 6,36, Ново Село 5,5, Охрид 2,82, Прилеп, 3,41, Пробиштип 6,64, Ресен 5,1, Сарај 2,46, Струмица, 3,92, Студеничани 1,85, Теарце 1,90, Тетово 2,08, Центар 2,84, Штип 3, Шуто Оризари 2,17.

Кондарко информира и дека ДНЕТ има поднесено тужба до Управниот суд кој одлучил дека одлуката на ДИК е потврдена.

Тоа значи дека сите евентуалнио гласови за советничка листа на град Скопје дадени за оваа партија ќе се сметаат за неважечки, рече Кондарко.

На денешните избори се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани.

Согласно одлуката на ДИК, а заради поголема транспаретност при броењето на гласовите треба да бидат присутни сите членови на ОИК, односно петте члена и нивните заменици.

Државната изборна комисија ќе има прес-конференции на секои два часа, а првичните неофицијални резултати се очекуваат околу полноќ.

На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.

Дик излезност локални
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.