Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трифонов: Ќе предложам Влада која ќе однесе бугарски и северномакедонски астронаути во Вселената

0
By НОВА ТВ on July 12, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 12, 2021 10:38

„Системот продуцира неморални луѓе во раководството на државата и тоа се гледа“, истакна претседателот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, во своето прво обраќање во јавноста по вчерашните предвремени парламентарни избори, втори за оваа година. Тој кажа дека неговата партија нема да прави коалиција со никого, бидејќи, како што вели Трифонов, самиот збор „коалиција“ веќе имал лоша перцепција во јавноста. Тој сепак ќе предложи кандидати за состав на Влада, но во Собранието нема да бара поддршка од останатите партии, туку останува на нивна волја дали ќе го поддржат или пак не, додавајќи дека очекува во скоро време претседателот на државата Румен Радев да му го врачи мандатот.

-Поддршката за „Има таков народ“ е неверојатна. Навистина ја цениме вашата доверба и уште на претходните избори сфативме дека не поддржувате за да се водиме од законот и моралот и очекувате тоа да го реализираме и на политички план. Односно, да поставиме образовани луѓе на клучните позиции, кои знаат јазици, кои завршиле престижни универзитети…„Има таков народ“  нема да прави коалиција со ГЕРБ, ДПС и БСП, а со партиите на протестот не би имале мнозинство. Ние ќе се обидеме сами да ссотавиме Влада, ќе го земеме мандатот и ќе предложиме состав на Влада пред Собранието, кое ќе биде составено од експерти. „Има таков народ“ предложи да влезат и тројца министри од техничкиот кабинет, но тие откажаа, соопшти Трифонов, кој ја објави и листата на кандидати за министри:

Марија Бојчинова – министерка за финансии

Љубомир Дачев – министер за економија

Наталија Митева – министерка за образование

Красимир Ненов – министер на енергетика

Велислава Петрова – министерка за здравство

Михаела Лашова – министерка за регионален развој

Христо Алексиев – министер за транспорт

Ивајло Кожухаров – министер за туризам

Пламен Абровски – министер за земјоделие

Теодора Генчовска – министерка за одбрана

Лилија Иванова – министерка за труд

Станислава Армутлиева – министерка за култура

Петар Илиев – министер за правда

Радостин Василев – министер за спорт

Антонија Валентинова – министерка без ресор, задолжена за ромските прашања

Ради Најденов – министер за надворешни работи и вицепремиер

Николај Радулов – министер за внатрешни работи и вицепремиер

Николај Василев – претседател на Владата

На крајот од обраќањето, Трифонов кажа дека први приоритети на новата Влада ќе бидат изградба на детски градинки, изградба на нова детска болница, купување на медицински хеликоптери, концесионирање на автопатиштата, набавка на лаптопи и таблети за сите ученици, приватизирање на Банката за развој, транспарентност при јавните набавки, искоренување на практиката да се плаќаат аванси на изведувачи и подизведувачи и други.

-Исто така, ќе иницираме и преку НАСА, двајца бугарски астронаути, маж и жена да заминат во вселената, а ќе земеме со нас и еден северномакедонски астронаут. Треба да престанеме да гледаме кон Земјата, туку да почнеме да гледаме нагоре, заклучи Трифонов.

Трифонов: Ќе предложам Влада која ќе однесе бугарски и северномакедонски астронаути во Вселената

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.