На берзанска аукција „Еуростандард банка“ во сопствeност на бизнисменот Трифун Костовски денеска го купила државниот удел во „Поштенска банка“ со што станала нејзин целосен сопственик.
„Еростандард банка“откупила 12.830 акции во „Поштенска“ по цена од 20.950 денари за акција. Вкупната вредност на трансакцијата е околу 4,4 милиони евра.
„Еуростандард банка“, е единствен учесник на аукцијата затоа што само таа доби претходна согласност од Народната банка на Република Македонија.
Трифун Костовски, преку „Еуростандард банка“ од 2008 година беше доминантен сопственик на „Поштенска банка “ и поседуваше 66,666 отсто од акциите. Останатиот, државен удел од вкупните акции се продава цела година откако Владата побара консултант, кој требаше да изврши проценка на вредноста на банката.
Вредноста на банката, според она што беше објавено на нејзината интернет-страница, беше околу 5,8 милиони евра.