Тригодишно дете е убиено, 18 луѓе се повредени во експлозија Вираншехир во јужна Турција, јавуваат турските медиуми.
https://www.youtube.com/watch?v=_AdqfBPJS24
Според првичните информации експлодирал автомобил бомба во близина на зграда каде што се сместени судии и обвинители. На местото на експлозијата се наоѓаат амбулантни и полициски возила.
Сведоци за Ројтерс изјавиле дека на околните објекти се искршени прозорците од силната експлозија. Градот се наоѓа на границата со Сирија.