Ни романтичниот Париз ни јаболкото Њујорк повеќе не се најтуристичките градови во светот – Истанбул ги надмина!
Според топ листата за 2014 година на TripAdvisor, најпознатиот сајт за резервирање на патувања, гласаа на интернет и го одбраа Истанбул како најатрактивен град кој мора се посети.
Градот е егзотичен и привлекува со својот хаотичен шарм, пазарите, историските споменици…
«Мислам дека тоа што на луѓето им се допаѓа е комбинацијата на прекрасна култура со неверојатната архитектура и дуќаните», вели Брук Ференцик од службата на TripAdvisor.
Големото изненадување на топ листата годинава е падот на Њујорк кој од 2 падна на 11 место, Рим се поткачи на 2 место а Лондон останува на местото број 3. Прага исто така добива гласови и сега е на 5 место.
Од азиските градови на 4 место е Пекинг а Шангај на 10то. Од африканските градови само Маракеш е високо на топ листата додека Австралија го напушти списокот на 10 најдобри.