Еден грчки полицаец и двајца Албанци се убиени во престрелката којашто ноќта кон неделата се одвивала во пограничната зона при рутинска патрола на грчките безбедносни сили.
Тројцата грчки полицајци кои патролирале во Преспанскиот регион на тромеѓето меѓу Македонија, Албанија и Грција, ги проверувале празните колиби а во една од нив откриле двајца вооружени Албанци, според грчката полиција.
Тие отвориле оган врз полицајците и убиле еден од нив, додека другите двајца грчки полицајци возвратиле и ги убиле двајцата вооружени Албанци.