Тројца загинати во авионска несреќа која се случила во близина на аеродромот Лансериј во Јоханесбург.
Малиот авионот, според првичните претпоставки, се урнал поради лошите временски услови.
Телевизијата „Њуз 24″ во своите извештаи наведува дека пилотот се обидел безбедно да го спушти леталото, но не успеал во намерата па откако леталото паднало на земја веднаш се запалило.