Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени биле 2.609 тестови, а регистрирани 310 нови случаи.
Детектирани биле и 49 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице од Скопје ( 77г), кое починало во болница.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Богданци (87г) и Кочани (45г). Пријавените лица се починати во период од 17.03. до 19.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.
Кај сите починати биле регистрирани коморбидитети.
ИЈЗ регистрирал и 284 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.728, бројот на оздравени пациенти е 292.628, на починати е 9.187, а бројот на активни случаи изнесува 1.913.