Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трудниците и доилките сè уште чекаат термин за вакцинација

0
By Ivana on June 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доилките и бремените жени речиси два месеци чекаат државата да го сврти вниманието кон нив и да добијат термин за вакцинација. Од Иницијативата за вакцинирање на трудници и доилки денеска преку соопштение посочуваат дека испратиле барање до сите надлежни институции со цел овие категории да добијат некаков приоритет во процесот на имунизација, односно, да им се обезбеди приоритет за имунизација со вакцината на „Фајзер“ како единствена во светски рамки за која постојат податоци дека е безбедна и за трудниците и за доилките.

„Од Министерство за здравство, освен добра волја, сѐ уште нема направено ништо по однос на нашето барање. Оттаму добиваме разни неопределени одговори и изговори, но веќе два месеци никако да стигнеме до конкретен одговор дали и кога оваа категорија на граѓанки би се вакцинирала. Додека со Фајзер се вакцинираа и вакцинираат граѓани кои можат да ја примат било која друга вакцина, мајки кои ги оставаат своите новороденчиња и бремените жени на кои патувањето им е дополнителна потешкотија и ризик, заминуваат прекугранично и возат стотици километри за да се вакцинираат. Само изминатиот викенд околу 50 членки на иницијативата ја добија фајзеровата вакцина во Врање и Ниш. А исто толку во изминатиот период се вакцинираа на граничните премини со Р. Бугарија“, велат од таму.

Тие истакнуваат дека не сите имаат финансиска можност да отпатуваат надвор од Македонија за вакцина.

„Да не споменуваме дека се уште има трудници кои се принудени да одат на работа, па така секојдневно се изложуваат на опасност од зараза. Оние кои добија термин за вакцинација со друг производител, или беа вратени од лекарите на пунктовите и им беше кажано дека не можат да примат друга вакцина освен Фајзер или пак надевајќи се дека ќе бидат удостоени , со оглед на нивната состојба, во сопствената држава да ја примат најбезбедната вакцина, ги откажаа термините и сите надежи ги положија во добивање на нов термин преку оваа Иницијатива“, порачуваат од таму.

Тие пишуваат дека во последниот обид за контакт со Министерството за здравство членките на оваа Иницијатива побарале да им биде соопштено дали и кога ќе добијат вакцини како група.

„Сметаме дека ваквиот помалку навредлив однос на дел од надлежните, непланското вакцинирање како и хаосот во приоритетноста за вакцинирање не можат да останат неспоменати. Ние како иницијатива ќе останеме и понатака да ги застапуваме барањата на членките , но истите ги охрабруваме да ги искористат повиците на соседните земји за вакцинација и своето право да се вакцинираат со единствената досега во светски рамки одобрена вакцина за оваа категорија да го остварат таму“, објаснуваат од Иницијативата за вакцинација со Фајзер на трудници и доилки.

Пред недела дена во интервју за НоваТВ проф. д-р Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација и професор на Фармацевтскиот факултет во Скопје истакна дека се во контакт со доилките и трудниците кои имаат доставено список на заинтересирани.

„И во САД и во повеќе земји на ЕУ и доилки и трудници се имунизираат со „Фајзер“, а вакцина за којашто е јасно напоменато  дека не смее да се врши вакцинација кај овие категории граѓани е Спутник. Секако тие се во приоритните групи за вакцинација и за нив ќе дојде редот, но имајќи во вид дека најголемиот  дел од нив се дома, особено доилките, сепак дадовме мала предност и продолжуваме со вакцинација на хронично болните. Кај пациентите со ретки болести, со трансплантирани органи и оние на дијализа веќе е во тек имунизацијата“, посочи Грозданова.

вакцинација доилки Трудници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.