Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска ќе потпише колективен договор за високо образование

0
By Нова ТВ on April 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за склучување колективен договор за високо образование и наука и ја овласти министерката за образование и наука Мила Царовска да го потпише.

Со колективниот договор прв пат по 30 години се уредува системот на плати, се утврдува основната бруто плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование. Дополнително, предвидено е и зголемување на плататa на наставниот и ненаставниот кадар во септември 2021 година и во септември 2022 година.

-Едно од позабележителните постигнувања со овој колективен договор е и уредувањето на исплатата за минат труд, кој во изминатиот десетгодишен период или не се исплаќал или се исплаќаа со големи потешкотии од страна на високообразовните установи, наведува владината прес-служба.

На седницата е утврден и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието со кој се врши усогласување на надлежностите на Бирото со другите закони кои ја тангираат неговата работа, како што се законите кои го регулираат основното и средното образование, учебниците, статусот на наставниците и стручните соработници,…

-Со овој Предлог-закон ќе се воспостави и развива портал за учење од далечина и дигитални содржини за користење во наставата што е од исклучително значење во последно време со пандемијата со КОВИД-19, при што се земаат предвид и глобалните тенденции во насока на развој на учење од далечина. Со новите законски решенија се овозможува и ангажирање стручни лица кои во целост ќе одговорат на законските надлежности на Бирото, а со тоа и за унапредување и развојот на образованието, велат од Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.