Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Ние од СИГА и од програмата „Girls power” веруваме дека девојките се моќни и имаат неограничени можности

0
By Marta Pesevska on October 15, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: СИГА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Mлади жени и девојки од Пробиштип, Кочани, Виница и Чешиново-Облешево викендов учествиваат на првиот од вкупно четирите едукативни работилници на прогарама „Girls power“, која ја спроведува „Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој“  – СИГА.

Сите учеснички по завршување на обуките ќе добијат финансиски средства кои ќе треба да ги искористат за спроведување на општествена акција која тие самите ја идентификувале како потреба на локално ниво.

Мила Царовска, директорка на СИГА на работилницата истакна дека академијата “Girls Power” е извор на инспирација за младите девојки од Истокот на државата.

„Ги воведуваме девојките во светот на знаењето, самоувереноста и искуствата. Нашата мисија е да ги поддржиме и вмрежиме нашите девојки да станат силни, иновативни и уверени во своите способности.

Преку програма за образование, менторство и инспирација, „Girls Power“ се обезбедува поддржувачка околина во која секоја девојка може да расте и да се развива. Ние сме убедени во силата на соработката и ќе работиме напорно за да обезбедиме можности секоја од учесничките да ги следат своите желби и амбиции.

Тие се сонувачки, иноваторки и лидерки. Ние од СИГА и „Girls Power“ веруваме  дека девојките се моќни и имаат неограничени можности. Нашите девојки ќе изградат поинаква и посилна иднина за Северна Македонија. Заедно сме непобедливи!“, рече Царовска.

Сара Миленковска, која е обучувач на првата работилница рече дека женското лидерство е важно за да се променат состојбите во општеството преку заеднички и солидарен пристап.

„Им порачувам на младите лидерки да бидат одлучни, храбри и да пркосат на предизвиците“, им рече Миленковска на учесничките.

Владо Караев обучувач во првиот модул објасни дека со излегување од комфорна зона секој може да ги постигне своите потенцијали и животни соништа.

„Треба да се биде храбар, одлучен, креативен и одлучен за да се постигнат целите и личен раст и развој“, рече Караев.

Активностите за јакнење на лидерските вештини кај жените се дел од проектот на СИГА, „Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment“ и се поддржани од Германското друштво за меѓународна соработка  (ГИЗ),  како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”.

Извор: МЕТА.мк

СИГА Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.