За тоа како е откриен скандалот со 12 000 осигуреници на кои не им биле префрлани парите од ПИОМ во вториот приватен столб од пензискиот систем, како досега никој немал пристап до податоците, како купувањето на глас кај пензионерите донесе до ваква скандалозна ситуација со парите на идните пензионери.
Каде е МАПАС во целата приказна како Агенција која прави ревизија, следење и анализа на пензискиот систем? Што очекува од ОЈО, како една неодговорна политика довела до дупка во пензискиот фонд? Има ли политичка одговорност на министрите за труд и социјала во изминатата деценија, во Студио на НОВА говори Мила Царовска министерка за труд и социјална политика.