Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Со реформите не се укинува ниту една научна дисциплина, сите наставници ќе останат на работа

0
By Нова ТВ on December 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Настава со осум или девет задолжителни предмети поделени во две групи. Едната македонски, албански, турски српски или босански јазик, математика, природни науки, општествени науки и англиски јазик, а другата група оние кои ги покриваат уметничкото, физичкото, техничко-технолошкото образование, можност за избор на албански јазик како изборен предмет наместо втор изборен странски јазик. Времето на престој во училиште да биде пет саати, од кои 3,5 наставни часа за децата од прво до петто одделение и шест саати односно 4,5 наставни часа за децата од шесто до деветто оделение, се само дел од новините од Националната нацрт концепција за реформа во основното образование што беше презентирана денеска.

Како што појасни универзитетската професорка Виолета Петровска- Бешка природните науки ќе опфатат содржини од билогија, физичка географија, хемија и физика, а општествените науки ќе имаат содржини кои припаѓаат на историја, општествена географија, граѓанско образование, религија, етика. Во наставниот план, вели таа, задолжителни предмети од оваа група се во сите девет години од основното образование со различен фонд на часови по различни предмети во зависност од возраста на учениците. Според неа, меѓу задолжителни предмети за ученици кои не ја следат наставата на македониски јазик се вклучлува маедонскиот јазик како предмет од четврто до деветто одделение. Секое училиште треба задолжително да понуди две листи изборни предмети едната за учење други јазици, од која ќе може како изборен да се избере албанскиот јазик, доколку во средината во која живее детето тој се користи повеќе или пак е доминантен, а другата изборна листа ќе биде составена од четири категории слободни изборни предмети.

Министерката за образование и наука на презентеацијата на новиот концепт истакна дека реформата на основното образование треба да се направи веднаш и оти за тоа говорат лошите резултати на меѓунароните и домашните тестирања. Но, вели, недостатоците во образовниот систем ги забележуваат и високи 82 проценти од наставниците и тие ќе бидат наш партнер во промените.

-Реформа во обрзованието е потребна веднаш и затоа денеска ја презентираме новата Нацрт концепција за која ќе има јавна и на крај донесеме успешен модел иноватеивен за учење, затоа што секоја учебна година, секој ден во кој нашите деца учат по неквалитетни учебници и по несоодветна програма нанесува огромни последици на младите генерации, рече Царовска.

Таа повтори дека иако има интеграција на одредени содржини, ниту еден наставник нема да го изгуби работното место и оти високообразовните установи и натаму ќе произведуваат кадар во сите научни дисциплини, затоа што, како што рече, сите се потребни за спроведување настава и по новиот модел. -Образованието ќе се фокусира на компетенции и резултати и ќе се пласира содржини преку интегриран и интердисциплиниран пристап. Ќе воведеме повеќе изборни предмети, настава прилагодена на потребите и можностите на учениците,неформално учење и воннаставни содржини, рече министерката. Таа потенцира дека новата концепција се заснова на однапред определени национални стандарди за компетенции кои треба да ги постигнат учениците по завршување на деветто одделение, како јазична писменост, користење на други јазици, во делот на математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, личен и социјален развој, демократска култура и граѓанство, претприемништво, уметничко изразување култура и мултикултура.

Според Царовска, со новиот концепт се менува и пристапот кон наставата.

-Наместо бледи факти содржините ќе бидат презентирани во реален контекст, а учениците ќе се здобијат со целосно разбирање од појавите и настаните кои ги изучуваат и ќе знаат да ги применат овие информации и натаму. Дополнително, основното образование ќе биде поставено на начин на кој ќе поттикнува креативност и истражување во наставата, но и личен развој што е важно за секој период од животот, рече министерката за образование.

Вчера на седница на Владата било заклучено да се спроведе исцрпна јавна расправа со активно учество на Министерството за образование и наука и на Бирото за развој на образованието, и низ максимално инклузивен процес на сите засегнати страни да се дојде до најдобри решенија и висока согласност за најавениот концепт за основно образование, откако таа била презентирана пред членовите на Владата. Освен тоа, во заедничкиот заклучок стои дека треба да се појаснат некои од прашањата што ги имаат граѓаните, наставниците, родителите и учениците за најавената нова концепција за образование.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.