Денеска е многу тажен ден за нашата земја и за регионот – 45 македонски државјани го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случи кај нашиот источен сосед. Изразувам сочувство за нивните семејства, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска на почетокот на конференцијата „Наука за развој, Заедно е возможно“, која почна со една минута молк за почит за загинатите.
Министерката пред обраќањето на конференцијата рече дека ова се тешки моменти за сите, најмногу за семејствата на загинатите и за сите кои изгубија некој во сообраќајната несреќа што ноќеска се случи во Бугарија.
– Слава им на починатите и поддршка за нивните семејства и за преживеаните. Се надевам дека наскоро во добро здравје ќе се вратат во нашата држава, рече Царовска.