Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Учениците да се насочат и кон граѓанските вредности

0
By НОВА ТВ on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од општество соочено со меѓуетнички конфликти пред дваесетина години, се трансформираме во мирно и хармонично општество за сите, за кое се заложи актуелната Влада преку своите мултиетнички и мултикултурни политики. Овој концепт ќе продолжи да се имплементира сé до конечно остварување на целите заради кои е креиран, да се изгради држава во која буквално сите ќе имаат чувство дека припаѓаат тука, дека ова е нивната татковина и тоа се луѓето, сограѓаните со кои треба да живеат, да работат и воопшто да создаваат заедничка иднина. Ова го рече министерката за образование и наука Мила Царовска на панел-дискусијата посветена на етничката нетолеранција и национализмот во земјите од Западен Балкан, што втор ден се одржува виртуелно, како дел од Самитот за демократија во Југоисточна Европа, организиран од Меѓународниот републикански институт.

Царовска, како што информира Министерството за образование и наука, истакна дека не е лесно да се работи на овие цели.

-Затоа што лузните од едни времиња кога беа застапени некои други идеологии и визии, тешко избледуваат, но тоа не значи дека немаме напредок и дека треба да се откажеме од остварување на поставените цели. Напротив, како што посочив, напредокот е многу голем и тоа е мотив да продолжиме да работиме на сузбивање на, јас ги нарекувам „пороци“, кои го уништуваат човештвото повеќе од сите други пороци кои почесто се споменуваат во секојдневието, рече Царовска.

Министерката истакна дека во оваа насока, Владата на Северна Македонија е фокусирана на крупни промени во образованието како најдобар механизам преку кој се влијае на начинот на размислување и однесување на цели генерации. Идејата е учениците уште од најрана возраст, покрај стекнување на применливи знаења и вештини, да се насочат и кон вистински граѓански вредности кои ја елиминираат нетолеранцијата, меѓуетничката нетрпеливост, дискриминацијата и насилството во сите облици.

– Реформите кои ги правиме во образованието ќе им помогнат на младите да прераснуваат во добри луѓе кои ќе знаат како да ги почитуваат различностите во општеството, односно соживотот со различни од себе, да го сметаат за придобивка. Ќе знаат да ја ценат важноста на родовото прашање, да разликуваат добро од лошо, да препознаваат и да одбегнуваат иницирање на секаков облик на насилство, вклучително и говор на омраза кој е особено застапен на интернет-просторот. Фокусирани сме и на медиумска писменост и препознавање и ненаседнување на лажни вести и овие теми се исто така дел од новите наставни програми изготвени врз основа на усвоена нова Концепција за основно образование во мојата земја, потенцираше Царовска.

Таа додаде дека силно верува во успешноста на планот за реформа на образованието кој ќе биде остварен на среден рок, затоа што е подготвен преку широк процес на јавна дискусија во која особено е земено предвид мислењето на експертската јавност, а, како што рече, државата има и голема поддршка од меѓународните партнерски организации, како Обединетите нации, Светска банка и други.

На панел-дискусијата, посочува МОН, покрај министерката Царовска учествуваа и повеќе други претставници на институции и граѓански организации од Северна Македонија и од Србија.

етникум ученици Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.