Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Целодневен џез хепенинг на 30 април во паркот „Ибни Пајко“- ЗЏМ со изведба на „неповторливиот Френк Запа“

0
By Ана Василевска on April 25, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седмото издание на големиот целодневен џез хепенинг под наслов Today It’s All About Jazz, во организација на Здружението за џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје ќе се одржи на 30 април (недела) во 13 часот во паркот „Ибни Пајко“. Хепенингот е во чест на Меѓународниот ден на џезот прогласен во 2011 година од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации со цел „да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето во сите краишта на светот“.

Овој ден се слави секоја година на 30 април, а идејата за негово одбележување потекнува од џез-пијанистот и амбасадор на добра волја на УНЕСКО, Херби Хенкок. Со Денот на џезот претседаваат Хенкок и генералниот директор на УНЕСКО. Прославата е забележана во календарите и на УНЕСКО и на Обединетите нации.
„Институтот за џез Херби Хенкок”, американска невладина организација со која исто така претседава Хенкок, е водечки организациски партнер за Денот на џезот. Институтот ги координира активностите во земјите-членки на УНЕСКО, како и дел од прославите кои се случуваат глобално.

Здружението на џез музичари седми пат го организира централниот настан кој го одбележува Меѓународниот ден на џезот во земјава, за што има и официјална потврда и благодарница од Хенког. Изминативе 6 години, на сцената на Фестивалот Today It’s All About Jazz настапија огромен број на имиња, некои од нив мега-популарни, а некои пак тука ги направија првите чекори во џез музиката.

Хепенингот ќе започне со работилница за деца од 4 до 11 години што ќе ја води пијанистот Гордан Спасовски. Децата – учесници ќе се запознаат со основите на џезот, со музичките инструменти (ритам секција: пијано, бас, тапани, гитара, солистички инструменти), но и ќе бидат дел од процесот на создавање џез музичка композиција која на крајот ќе биде изведена пред публика.

По џез работилницата следува настап на младински џез состав во кој членуваат Петар Марков – Маруш (гитара), Давид Ѓоргиев (тапани) и Симеон Будро (бас). Filip Dinev Trio ft. Tilman Oberbeck/Jan Zeimetz e најновиот авторски проект на македонскиот гитарист и композитор, Филип Динев, кој го реализира во соработка со Тилман Обербек на контрабас и Јан Цајмец на тапани/перкусии.

Триото настанува во Хамбург, и претставува еден од најавтентичните и најактивните музички џез состави во регионот. Елементи од џез, балканска и класична музика се интегрален дел од композиторскиот печат на Динев. Концертот е навестување на новиот албум на триото, со наслов „Romann“, и второ интернационално авторско издание на Динев, снимено во Хамбург.

Квартетот „Акварела“ е група која од неодамна работи во Скопје. Составена е од Јани Костурски – вокал, Павел Ренџов – тапани, и парот добро познати музичари на македонската сцена: Ѓоко Грујовски – гитара и Маја Капсарова- бас. Името кое го носи овој проект (океанско-сина боја) е тесно поврзан со стилот кој оваа група го негува, а тоа е бразилски џез и боса нова.

На хепенингот ќе настапи и Никола Бочваров квартет. Покрај Бочваров кој е лидер на бендот, го сочинуваат Стефан Алексовски на клавијатури, Иван Петровски на гитара и Александар Ванчовски на тапани. Бочваров е дипломиран контрабасист при Факултетот за музичка уметност во Скопје , оддел за популарни жанрови, додека џез едукација има стекнато на Franz Schubert Konservatorium во Виена. Големото искуство и обемната работа во изминатите дваесетина години го направија еден од најбараните и најмаркантни басисти кај нас.

Новиот албум на Бочваров „Гласна тишина“ е едно од поголемите негови уметнички достигнувања. Тој претставува најдобар опис за неговата креативност, стручност, компетентност и сведоштво за неговото долгогодишно искуство.

Освен домашни џез-имиња, на манифестацијата ќе настапат и гости. Меѓу нив се Јуре Пукл Орган трио заедно со Марко Чрнчец и Крис Смит. Јуре Пукл е словенечки џез-музичар (тенор и сопран саксофон, бас кларинет, композиција) кој свири модерен џез.
Марко Чрнчец е еден од најпознатите современи музичари и најреномираните словенечки музичари, со седиште во Њујорк. На меѓународната сцена, тој е познат како мултиинструменталист, композитор, аранжер и продуцент кој лесно се движи низ жанрови, особено низ џез, класична и популарна музика.
Крис Смит е професор на Универзитет за музика и изведувачки уметности Грац, Австрија. Во Њујорк редовно настапува со Биг Бендот Birdland.

Ќе гостува и нигерискиот пејач Адедеџи, гитарист, композитор, аранжер и мултиинструменталист. Неговиот бенд составен од девет луѓе вклучува некои од најдобрите студиски музичари од Нигерија, најгруви ритам-секција, прекрасни машки и женски придружни вокали и неверојатна дувачка секција кои го надополнуваат афро-бит звукот.
Музиката на Адедеџи се движи во рамките од соул до џез, до блуз, до фанк, до традиционална јорупска музика. Текстот на неговите песни е на јорупски, англиски и Пиџин англиски. Во текстовите, Адедеџи го разгорува традиционалниот идентитет на јорупската култура користејќи гатанки и поговорки и зборувајќи за општеството.

За оваа прилика ЗЏМ бендот ќе го изведе проектот Запа – неповторливиот Френк Запа.

 

ЗЏМ Парк Ибни Пајко Унеско Френк Запа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.