Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Целосен текст на нацрт амандманите за Преамбулата и Уставот

0
By Нова ТВ on November 2, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 2, 2018 13:25

Владата го утврди текстот на нацрт амандманите и ги достави до Собранието. Четирите Нацрт амандмани се објавени на сајтот на Владата.

Прв амандман:

Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36.

Втор амандман:

Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.

Трет амандман:

  1. Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.
  2. Со точката 1 на овој амандман се дополнува членот 3;

Четврти амандман:

  1. Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ.
  2. Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.
  3. Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство.
  4. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
  5. Со овој амандман се заменува членот 49 од Уставот на Република Македонија.

Амандманите ќе стапат на сила  кога Договорот и Протоколот за пристапување во НАТО ќе бидат ратификувани од страна на Парламентот на Република Грција. Доколку грчкиот парламент не ги изгласа овие два документи, нема да влезат во сила ниту предвидените амандмани.

Во согласност со Договорот, со уставен закон ќе биде утврдена примена на одредбата во однос на важноста на веќе постоечките документи и материјали издадени од органите на власт на Република Македонија.

За промените на  Преамбулата на Уставот, Заев кажа дека одлуките на АСНОМ  се заменуваат со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор да биде конститутивен елемент на државата.

„Делот на АСНОМ се однесува на замена на одлуките со Прогласот на АСНОМ, заради тоа што, ако остане вака, тоа би предизвикало одредени проблеми во одредени можни идни времиња на соработката меѓу Македонија и Грција. Тоа е така затоа што дел од одлуките на АСНОМ велат „Македонци од Грција и Бугарија обединете се“. Прогласот го нема тој дел, туку во него се зборува за единството во државата,  демократијата, државотворноста, слободата, човековите права и слично и тоа е фер пристап за градење пријателство. Впрочем, Договорот или Спогодбата со Грција е воспоставување на трајно пријателство со нашиот јужен сосед, појасни Заев.

Во однос на Охридскиот рамковен договор, кој се вметнува во Преамбулата на Уставот, премиерот рече дека „тој е дел од Уставот, вграден е, и тука само се додава формулацијата Охридски рамковен договор“.

Премиерот рече дека подобар Договор не може да се постигне, затоа што е праведен и ги отвора вратите на Македонија за влез во НАТО и ЕУ.

Амандманите се утврдени низ инклузивен процес и во нив се инкорпорирани и барањата на 8 пратеници. Заев кажа дека разговарал и со други пратеници и го спомена пратеникот Панчо Минов. Тој очекува ваквиот инклузивен процес да испрати порака и до граѓаните за помирување и да се зголеми бројот на пратеници кои ќе дадат подршка на овој процес.
Собраниската седница на која ќе се гласа за нацрт амандманите може да се закаже во рок од 30 дена и за нацрт амандамните е потребно 61 пратеник да гласаат „за“. Според Деловникот: претресот во Собранието се води по текстот на нацртот на секој амандман одделно и може да трае најмногу три работни дена за секој амандман. Претресот во Комисијата за уставни прашања и во Законодавно – правната комисија може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацрт на секој амандман одделно.  Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, го утврдува нацртот на секој амандман на Уставот одделно.
Откако, Собранието ќе го утврди текстот на нацрт амандамните се отвора јавна дискусија.

 

 

 

 

Влада Нацрт амандмани Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

ВЕСТИ June 2, 2026

Најмалку девет лица се убиени, а десетици се повредени откако Русија започна голем напад врз…

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

May 31, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.