Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цените на тутунот, на туристичките аранжмани и на автомобилите ја „подгреаа“ инфлацијата

0
By Нова ТВ on September 30, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Умерена инфлација, но под ризик од притисокот на цените на странските пазари – според најновите мерења  во август во споредба со jули трошоците на живот се зголемени за 0,3 % додека цените на мало за 0,2%, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Сепак, позначајно  зголемување на тршоците на живот е забележно кај туристичките аранжамни, авионскиот превоз, хотелиерството, што според економистите е очекувано бидејќи се работи за сезонски фактор – период во кој граѓаните поради летни одмори патуваат.

 Што поскапе, а што поевтини на домашниот пазар …

Годишната просечна инфлација во земјава изнесува  1,1 % додека во август таа е на ниво од 0,8%, што е пониска стапка од проектираната. Во најновите оценки на НБМ се посочува дека економијата е во зона на умерена инфлација, но се предупредува и на ризици. 

 “Инфлацијата и понатаму е во зоната на умерени промени, при просечен годишен раст на цените од 1,1% во првите осум месеци од 2019 година, што е нешто помалку од очекувањата. Неизвесноста околу проектираното движење на светските цени на примарните производи и понатаму е главниот ризик за  динамиката на инфлацијата“ – соопштија  од Народната банка.

 Наспроти статистиките за незначителен пораст на инфлацијата, граѓаните велат дека секојдневно чустуваат дека цените се зголемуваат, особено на дел од прехранбените производи.

 “Малку по малку, но цените растат. Секој ден купувам во поголемите маркети и вообичаено одам на зелен пазар. Тука на пазарите цените преку ноќ може да се зголемат,  еве дел од зеленчукот сеуште е скап, и тие цени се беа во текот на целото лето“ – вели еден купувач.

 При обиколка на дел од зелените пазари “Порталб“ забележа дека цените од пазар до пазар не се разликуваа премногу, иако најевтини и натаму се зелениот пазар на Бит Пазар, пазарот во населба Методија –Андонов Ченто, во Ѓорче Петров, на Зелено пазарче во центарот на градот. Во големите маркети пак цените на зеленчукот и овошјето во однос на оние на пазар се нешто повисоки.

 Така на еден од зелените пазари во Скопје килограм граф се продава од 120 денари до 160 денари, колограм јаболко чини 40 денари до 50 денари, килограм краставици и до 60 денари, а исто толку се движи и цената на килограм домат.

 Статистиката забележа незначителен пораст на цените на мало за 0,3% во однос на јули.

 “Пораст на индексот на трошоците на животот во август 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук (освен компирот и другите коренести плодови)  за 6.4 %, маслото и маснотиите за 1.6 %, другите преработки од месо за 0.9 %, свежо овошје, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.7 %, месото за 0.6 %, рибата и морските плодови за 0.5 %, лебот и житата, сушеното и чаденото месо за 0.4 %, јогуртот за 0.3 %, млекото, другите прехранбени производи за 0.2 %“ – објави Заводот за статистика.

 Во август инфлацијата беше “подгреана“ и од сезонски фактор – поради туристичките аранжмани и патувањата .

 “Базичната стапка на инфлација во август бележи минимално зголемување од 0,1% на месечна основа, додека годишниот раст се сведе на 0,5% (наспроти 1,0% во јули). Структурата на годишниот раст на базичната инфлација во август е слична како претходниот месец, односно највисок позитивен придонес имаат цените на тутунот, а во помала мера придонесуваат и цените на туристичките аранжмани, како и цените на автомобилите“ – се наведува во новиот септемвриски извештај на НБМ.

 Во првите осум месеци од годинава во споредба со истиот период лани статистика забележала намалување само на цените за пијалаци за 1,3%.

 Цени на светските пазари – кои се очекувањата

Како увозно зависна земја, особено во сегментот на енергенсите, цените на домашниот пазар остануваат детерминирани од движењето на цените на странските пазари. Според прогнозите, годинава странската ефективна инфлација се очекува минимално да се искачи и да достигне ниво од 1,7% додека во 2020 година таа ќе се движи околку 1,8%. Во глобални рамки, сеуште присутна незивесност  поврзана со трговските односи меѓу двете моќни економии – на САД и на Кина е еден од факторите од кои ќе зависи цената на нафтата.

 “Според најновите оцени, цената на нафтата за 2019 и 2020 година е ревидирана надолу во споредба со априлските проекции, при што сега се очекува поголем пад на цените од предвидениот во април. Надолната ревизија во најголема мера е одраз зголемената неизвесност во трговските односи помеѓу САД и Кина и очекувањата за забавување на глобалниот раст, како и објавените податоци за раст на производството на нафта во земјите членки на ОПЕК во август“ – велат од НБМ.

 На светските берзи се очекува намалување и на цените на примарните производи. Во пад се очекува да бидат и цените на храната – пченката и пченицата.

 “Цените на пченицата и пченката за 2019 и 2020 година се ревидирани надолу. Така, во споредба со проекциите во април, кај цената на пченицата сега се очекува малку поголем пад во 2019 година и минимален пад, наместо раст во 2020 година, што се должи на високата глобална понуда, како и на силната извозна конкуренција. Во однос на цената на пченката се очекува помал раст од проектираниот во април, во најголем дел како резултат на тековно поволните временски услови за жетва во САД“ – се наведува во најновите објавени макроекономски проекции.

 Исклучок ќе биде цената на николот која ќе расте, пред се поради зголемената  побарувачка и очекувањата за намалена понуда, особено по објавата за воведување целосна забрана за извоз на руда на никел од страна на Индонезија од почеток на 2020 година.

 Сепак сите овие очекувања се дел од прогнозите кои секојневно се под ризик-фактори кои можат да го променат текот.

 “Најновите проекции на цените на примарните производи на светските берзи за 2019 и 2020 година упатуваат на надолна ревизија на речиси сите цени во однос на априлските оцени, со исклучок на цената на никелот, којашто е ревидирана нагоре. Сепак, движењата и оцените за цените на примарните производи се исклучително променливи, што создава поголема неизвесност околу нивната идна динамика и ефектите врз домашната економија, особено на подолг рок“ – велат од Народната банка.

 Натамошните трговски тензии помеѓу САД и Кина, како и очекувањата за забавување на глобалната економска активност ќе ја “урнат“ и цената на бакарот годинава и догодина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.