Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цените за ПСР тестови за КОВИД-19 ќе бидат исти за сите државни и приватни лаборатории

0
By Менче Атанасова Точи on April 30, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цената на ПСР тестовите за КОВИД-19 кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување ќе биде иста како за јавните така и за приватните лаборатории, потврди директорот на ФЗО, Ден Дончев на денешната прес конференција.

„Таа цена е по ДРГ и важи за сите кои склучуваат договор со Фондот, без разлика дали се работи за јавна или за приватна здравствена установа“ рече Дончев.

На прашањето на НОВА , упатено до директорот Ден Дончев, зошто драстично се зголеми цената во приватните лаборатории во исто време кога Фондот ги намали цените во јавните установи за ПСР тестовите, Дончев одговори дека кај приватните здравствени установи треба да се бара одговорот зошто ја зголемиле цената на тестовите за КОВИД-19 иако првично за оваа услуга имале дефинирана цена од 1.500 денари.

„Зошто потоа приватните здравствени установи ја зголемија цената, треба на нив да им се постави прашањето“, одговори Дончев.

На прашањето за огромната разлика на цените за тестови за коронавирус меѓу јавните и приватните установи, тој појасни дека според анализа на Фондот од пред извесен период се утврдило дека евентуалната цена за тест за КОВИД-19 по ПСР-методологија би била околу 3.600  денари, но истовремено, рече, цената која се наплаќа во слободни услoви на пазарот изнесувала 1.500 денари.

„Затоа беше донесена одлука за цена од 1.500 денари, бидејќи во тој момент цената која беше јавно дадена од приватни здравствени установи изнесуваше 1.500 денари“, изјави Дончев.

Тој уште еднаш појасни дека ФЗО имал воспоставено цена по т.н. ДРГ-методологија уште во  2013 година, која била историска, за правење ПСР односно молекуларни тестови која изнесувала 5.500 денари. Меѓутоа, во изминатиот период само една или две јавни здравствени установи располагале со таков вид технологија и тестови и во услови кога потребата од такви тестови била значително помала односно пред да настапи пандемијата со КОВИД-19.

„Нормално е кога се прават значително помал број тестови, трошоците се фиксни, а варијабилните трошоци се помали зашто нема обем на тестирање и затоа цената беше утврдена на 5.500 денари. Од кога се соочивме со КОВИД-19, ја поставивме ДРГ-цената и таа важи за сите кои склучуваат договор со Фондот, без разлика дали се работи за јавна или за приватна здравствена установа“, рече Дончев.

Во однос на извештајот на Комисијата на Министерството за здравство кои установи ги исполнуваат условите за правење тестови на КОВИД-19, директорот на ФЗО одговори дека покрај Клиниката Жан Митрев,, уште четири други приватни здравствени установи е утврдено дека ги исполнуват условите за простор, опрема и кадар за правење тестирање по ПСР-методолгија за КОВИД-19.

Тоа се приватната лабораторија Авицена, лабореаторијата во болницата Аџибадем Систина, Жан Митрев клиника и Биотек. Сите тие се признати само за ПСР тестови за дијагностицирање на КОВИД-19.

Како што објави НОВА Фондот за здравствено осигурување ја повлече донесената одлука за референтна цена од 3600 денари и донесе нова одлука со која новата цена на ПСР тестирање за КОВИД-19 ќе изнесува 1500 денари. Одлуката е донесена на Управен Одбор и во моментов се чека согласност од Министерот за здравство Венко Филипче, по што ќе биде објавена во Службен Весник.

Во исто време, кога Фондот ја намали цената на ПСР тестовите во јавното здравство, приватните лаборатории драстично ги зголемија цените на овие тестови.

Така на пример, цената во лабораторијата на Биотек и во болницата на Жан Митрев, од 1500 денари во март, сега се зголемени на 3950 денари. Цената не е зголемена само во приватната болница Аџибадем Систина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.