Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Центар за квалитет во ССК: Олеснување на пристапот до меѓународните стандарди за подобрување на конкурентноста

0
By Ivana on March 25, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сертификацијата и меѓународните стандарди, имплементација и воведување се со цел подобрување на конкурентноста и подигнување на техничко-технолошкото ниво на домашните компании ќе биде приоритетна цел на новиот Центар за квалитет кој стартува со работа во рамките на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Воведување на строго контролираните услови и правила за одвивање на работните процеси во деловните субјекти е главен предуслов за обезбедување високо квалитетен производ кој ќе придонесе за стабилен раст и развој на бизнисот.

„Подолго време се наоѓаме во отежнати услови на деловно работење поради кризата во која се наоѓаме. Но во такви услови најважно за опстанок и раст на бизнисите е да се бараат нови можности за пласман на производите и услугите кои се нудат. Примената на меѓународните стандарди како доказ за квалитет значително го олеснуваат пристапот до нови меѓународни партнерства и пазари, поради што и го формираме овој Центар за квалитет како поддршка за бизнисите“, истакна Михајло Евросимовски, член на Управниот Одбор на Сојузот.

Центарот за квалитет се позиционира кон тоа да биде национален лидер во обезбедувањето широк опсег на услуги за обезбедување на практичен know-how согласно потребите на претпријатијата.

„Центарот за квалитет ќе функционира со цел подобрување  на функционирањето на менаџмент системите, како и верифициран квалитет на производите и услугите кој ги нудат членките на Сојузот на стопански комори. Центарот за квалитет ќе обезбеди целокупна поддршка низ процесот преку избор на соодветни стандарди, изработка на документација согласно барањата на истите по најповолни услови за членките на Сојузот на стопански комори, бесплатни обуки за одржување на системите, како и помош при избор на акредитирано сертификационо тело. Дополнително, Центарот за квалитет ќе обезбеди насоки за успешно усогласување на компаниите со Зелената Агенда на ЕУ “, истакна Марко Ацевски, Директорот на Центарот за квалитет.

Центарот ќе биде насочен и кон заеднички настап пред надлежни државни органи, меѓународни институции и други интересни страни со цел промоција на квалитет и заштита на животната средина.

Во насока на проширување на услугите кои ги нуди за поддршка на своите членови Сојузот на стопански комори од 2019 година издава Сертификат за потекло по електронски пат, кој е меѓународен трговски документ, кој се користи за да се одреди потеклото на стоките за службени, комерцијални и финансиски потреби при извоз.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.