Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас: Новото име треба истовремено да биде и уставно име на соседната земја

0
By Нова ТВ on February 23, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Името за кое што ќе се договориме ќе треба истовремено да биде и уставното име на соседната земја, за што предуслов е ревизија на Уставот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес-конференцијата во Брисел по завршувањето на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

Ципрас рече дека ставот на Грција е дека треба да се реши долгогодишниот проблем, но „со одржливо и стабилно решение што ќе се потпира на цврсти темели“.

– Грција бара едно решение ерга омнес, односно едно решение со јасно обврзување за едно име што ќе се користи за сите, како за надворешна така и за внатрешна употреба, факт што значи дека ќе треба името за кое ќе се договориме да биде во исто време и уставното име на соседната земја, нешто за што е неопходна уставна ревизија, објасни грчкиот премиер, повторувајќи ги грчките позиции, кои ѝ ги пренел и на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика.

Според Ципрас, Македонија е таа која што брза да се реши проблемот бидејќи станува збор за „егзистенцијално прашање од егзистенцијално значење“ за европската перспектива на земјата.

Во однос на временскиот рок за решение до НАТО Самитот во јули, Ципрас рече Грција не се брза, ниту пак е под притисок за решение.

– Никој не нѐ брза, никој не нѐ притиска, не брзаме. Наша е иницијативата да го решиме проблемот што, според нашето мислење ѝ тежи на надворешната политика на земјата, рече грчкиот премиер, одговарајќи на новинарско прашање и додаде дека не е 2008 година за да има притисоци за членство во НАТО.

Во однос на улогата на Ердоган во регионот, по последната посета на македонскиот претседател на Турција, Ципрас рече дека европската перспектива на Скопје поминува преку Атина, а не преку Анкара.

– Треба да сфатат нашите соседи, мислам дека тоа го има сфатено премиерот на земјата, треба да го разберат сите политички сили, дека европската перспектива и зајакнување на стабилноста во соседната земја, не поминува од Анкара поминува од Атина. Не треба изнаоѓањето решение да го бараат во Анкара. Бараат европска перспектива, прават грешка ако тоа го бараат од Анкара, рече Ципрас.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.